Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ ПОВАЖЕН Ќе нѐ поврзе со Кина
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ ПОВАЖЕН Ќе нѐ поврзе со Кина

25/09/2026

AA

Поврзаноста можеби не звучи толку политички како другите теми што ги дискутираме, но во нашиот регион таа е практичен тест на европската интеграција, порача денеска Кристијан Вигенин, европратеник од редовите на Бугарската социјалистичка партија (БСП) и член на Делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ–Северна Македонија.

– Инфраструктурата којашто застанува на границата не е поврзаност, енергетската безбедност не се постигнува само со документи и не им помага на граѓаните да ги развиваат своите бизниси, затоа напредокот на Коридорот 8 е многу важен – истакна Вигенин, во обраќањето на сесијата посветена на поврзувањето и развојот на инфраструктурата.

Тој посочи дека двете држави одат напред во поврзувањето и изградбата на меѓуграничниот железнички тунел меѓу двете земји, нагласувајќи го значењето на железничкото поврзување како дел од европската транспортна мрежа, кое е поддржано од Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

– И двете земји треба да почнат со практичниот дел од работата, со тендери и градежни работи на железницата. Добри патишта, добри железнички врски не можат да се третираат како второстепени нешта што треба да ги правиме. Токму тие ќе овозможат послободен проток меѓу луѓето во Западен Балкан и ЕУ – рече Вигенин.

Коридорот 8, додаде, треба да има улога во поврзувањето на регионот и да придонесе за зголемување на регионалната размена.

– Коридорот 8 треба да нè поврзе, не да нè дели. Ќе ја поттикне регионалната размена и ќе ја поврзе Северна Македонија и со Црното Море и со Јадранското Море – рече Вигенин.

Тој оцени и дека спроведувањето на проектите е премногу бавно. Рече дека постојат значителни поддршки од ЕУ што можат да ја добијат соседни земји кои сакаат да соработуваат.

Вигенин посочи дека поврзаноста е приоритет за Европската Унија, особено во контекст на прашањата поврзани со конкурентноста, европската економија, одбраната и воената мобилност.

– Размената со соседните региони и главните прашања апострофирани во говорот на Фон дер Лејен се поврзани со уште еден коридор, Средниот коридор, кој е во надзор на институциите, но е одложуван. Затоа, Европската Унија планира да инвестира напор и средства во спроведувањето на т.н. Среден коридор, што ќе ја поврзе Европа со Кавказот и со Централна Азија, но минува низ Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Јадранот. Тоа е само еден сегмент од овој коридор – рече тој.

Според Вигенин, активната работа на Коридорот 8 е важен дел од т.н. Среден коридор.

Тој информираше дека наредната година во Бугарија ќе се одржи голема конференција посветена на поврзувањето, чија главна тема ќе биде токму овој коридор и изрази уверување дека претставници од Европската Унија и земјите кандидатки ќе учествуваат на оваа конференција. Оцени дека иницијативата ќе претставува можност за забрзување на размената и подобрување на поврзаноста меѓу земјите, а со цел да се отворат нови можности за трговска размена.

– Треба да бидеме практични и прагматични, да зборуваме за трговија, за инвестирање, а тоа значи подобар живот за нашите граѓани, што на крајот на краиштата е главна цел и на Европскиот парламент и на Собранието – заклучи Вигенин.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се

10/10/2026
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата

10/10/2026
Македонија

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири

10/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува

10/10/2026
Македонија

ПИТА ДОЛГА 4,4 МЕТРИ ЈА ОТВОРИ „ПИТИЈАДА“ ВО ВЕЛЕС Џиновскиот

10/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ДИРЕКТОР И ВРАБОТЕНА ВО „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ Одземени камиони и

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46099
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На повисоките планини можен и снег

10/10/2026

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се очекува санкција за случајот со

10/10/2026

Полициски службеник од албанска националност, припадник на криминалистичката полиција, е посочен како главен учесник во наводното физичко малтретирање на двајца

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од маршот за 11 Октомври порача

10/10/2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy