Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Расте цената на нафтата и на лондонскиот и на американскиот пазар! Еве колку чини барел
Македонија

Расте цената на нафтата и на лондонскиот и на американскиот пазар! Еве колку чини барел

22/12/2023

AA

Цените на нафтата во четвртокот во Лондон останаа близу 80 долари, бидејќи растот на залихите и рекордното американско производство ги засени нервозата поради глобалните трговски нарушувања во Црвеното Море.

Цената на барелот на лондонскиот пазар благо зајакна, за 13 центи во однос на претходното затворање, на 79,80 американски долари. На американскиот пазар барелот се тргува по непроменета цена од 74,26 долари.

Американската влада во средата соопшти дека залихите на сурова нафта во САД се зголемиле за 2,9 милиони барели на 443,7 милиони барели минатата недела. Аналитичарите предвидуваа пад од 2,3 милиони барели. Исто така, владата објави дека минатонеделното производство на сурова нафта во САД достигна историски максимум од 13,3 милиони барели дневно.

Цените на нафтата на двата пазари пораснаа трет по ред трговски ден во средата, поттикнати од загриженоста на инвеститорите за трговските пореметувања бидејќи главните авиопревозници ги избегнуваат рутите на Црвеното Море, а подолгите патувања низ Африка ги зголемуваат трошоците за превоз и осигурување. Околу 12 отсто од светскиот поморски сообраќај минува низ Црвеното Море и Суецкиот канал. Но, засега, влијанието врз испораките на нафта е ограничено, велат аналитичарите, бидејќи најголемиот дел од нафтата на Блискиот Исток се извезува преку Ормутскиот Теснец.

– Сметаме дека има мали шанси нарушувањата да имаат трајни последици врз цената на енергијата… Пренасочувањето на бродовите ги забавува глобалните синџири на снабдување, но не и обемот на производство – рече Ехсан Хоман од МУФГ. Тој додаде дека дополнителните трошоци направени од подолгите патувања околу Кејп на Добрата надеж во Јужна Африка „се закануваат да го разгорат пламенот на глобалната инфлација исто како што американската централна банка, ФЕД, сигнализираше дека се подготвува да ги намали стапките во 2024 година.

Организацијата на земјите извознички на нафта ( ОПЕК ) одделно извести дека барел нафтена кошница на нејзините членки во средата поскапе за 2,05 американски долари на 81,24 американски долари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Костадин Костадинов стапи во брак: „Ја крунисавме нашата љубов –

28/06/2026
Македонија

УХМР издаде метеоаларм: Утре и задутре пеколни температури во Македонија!

28/06/2026
Македонија

Сали: ВРЕДИ добива шест министерства во владината реконструкција

28/06/2026
Македонија

Пукал од џип во Гостивар, потоа сам се пријавил во

28/06/2026
Македонија

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, од нив седуммина

28/06/2026
Македонија

Македонија најевтина во Европа: Кошничка од 100 евра во ЕУ

28/06/2026
Македонија

Три лица приведени, а со едно извршен службен разговор за

28/06/2026
Македонија

Осум пожари за еден ден: Три активни низ Македонија

28/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44008
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy