СДСМ ЈА ПРЕЗЕДЕ ДРЖАВАТА СО 4,7, А ЈА ОСТАВИ СО 8,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДОЛГ За две години треба да вратиме 5 милијарди евра
Има два датуми коишто се многу важни за економијата во оваа држава, рече пратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, кој говореше за јавниот долг на државата и економските последици од задолжувањето во изминатите години.
– На 1 јуни 2017 година кога СДСМ дојде на власт во оваа држава имаше 4,7 милијарди евра долг и вкупна задолженост од 46% од БДП. Во 2024 година оставивте држава со долг од 8,8 милијарди евра, односно 60,5% од БДП. Сите влади од 92-ра во 25 години со тие приватизации, со автопати со три понуди, со Скопје 2014, сè заедно ги чини граѓаните 4,7 милијарди. Откако Зоран Заев дојде на власт, додека си отиде СДСМ од власт, имаме нови уште толку. Држава земавте со 46% задолженост, оставивте со 60,5% задолженост – рече Пренџов во гостување на ТВ24.
Пренџов се осврна и на актуелната состојба со јавниот долг, трошоците за камати и обврските за отплата на долговите во наредните 2 години.
– Денес имаме држава којашто има 56,6% задолженост, односно скоро 5% помалку за две години од тие што ни ги оставивте. И вие велите малку е, а сте ја зголемиле на 60,5%. Оставивме држава во којашто имаше за камати 132 милиони евра, а денес имаме за камати 342 милиони евра, тоа се економските политики на Социјалдемократскиот сојуз. Следната година и наредната треба да вратиме 5,1 милијарди евра долгови направени од минатото, за ваучери во Охрид, не за автопати. А, покрај тоа што треба да вратиме 5 милијарди, се градат шест автопати паралелно и сè она што значи функции на државата се исполнети – рече Пренџов.
.
Извор: plusinfo.mk