Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Детската болница Козле прерасна во Клиника за респираторни заболувања кај децата, ова е голем чекор напред!
Македонија

Меџити: Детската болница Козле прерасна во Клиника за респираторни заболувања кај децата, ова е голем чекор напред!

22/12/2023

AA

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Детската болница Козле којашто прерасна во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата по донесената одлука од Владата на Република Северна Македонија.

Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:

„На наше големо задоволство денеска сме во посета на Детската болница Козле, која по донесената одлука од Владата, прерасна во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата, со што се обезбедува подостапна и поквалитетна здравствена заштита за пациентите.

Ова е голем чекор напред за установата и признание за посветената работа и заложбите на раководството и на целиот медицински и немедицински персонал, кој применува стручен и мултидисциплинарен пристап од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза.

Во оваа прилика сакам да истакнам дека Универзитетската клиника Козле која како установа постои веќе 72 години, претставува единствен центар на Балканот кој третира исклучиво респираторни заболувања, односно заболувања на дишните патишта кај децата. На годишно ниво овде се вршат над 35 илјади амбулантски прегледи и над 4 илјади хоспитализации на деца со респираторни заболувања, а стручниот кадар опфаќа 55 доктори специјалисти и супспецијалисти од над 200 здравствени работници.

Со прераснувањето во универзитетска клиника, оваа установа се зајакнува како наставно-научна база во рамки на која врвниот стручен кадар ќе го пренесува своето знаење и искуство на помладите специјализанти и студенти.

На крајот, сакам да им честитам на медицинскиот и организацискиот директор, како и на целокупниот кадар за исклучителната посветеност, која верувам ќе продолжи и во иднина“, изјави Меџити.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАРКИРАЛ ДВА АВТОМОБИЛА, НО ЕДЕН САМ ТРГНАЛ И ГО УДРИЛ

18/11/2026
Македонија

„СВЕТОТ НИ СЕ СМЕЕ, ТРПЕНИЕТО Е ПРИ КРАЈ“ Крива Паланка

18/11/2026
Македонија

ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС ВО ОХРИД СТАВЕН ВО УПОТРЕБА И ПОКРАЈ НЕПРАВИЛНОСТИТЕ

18/11/2026
Македонија

КРАЈ ЗА РАМПИТЕ НА АВТОПАТИТЕ, ЌЕ ПЛАЌАМЕ САМО ЗА ПОМИНАТАТА

18/11/2026
Македонија

ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ДВЕТЕ ВОЗИЛА НА БУГАРСКАТА

18/11/2026
Македонија

КОРИДОР 10 ТРЕБА ДА ДОБИЕ „ПАМЕТНИ СИСТЕМИ“ ДО 2028 ГОДИНА

18/11/2026
Македонија

ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ИМААТ АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ПРОБЛЕМОТ

18/11/2026
Македонија

📽️ МЕЧКА СРЕДЕ ТЕАРЦЕ Надзорните камери ја фатија на прошетка

18/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46824
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАРКИРАЛ ДВА АВТОМОБИЛА, НО ЕДЕН САМ ТРГНАЛ И ГО УДРИЛ Тешко повреден 35-годишник од Струмица

18/11/2026

35-годишен маж од Струмица е тешко повреден, откако автомобил „Мерцедес“ што го паркирал сам се придвижил, удрил во него, а

„СВЕТОТ НИ СЕ СМЕЕ, ТРПЕНИЕТО Е ПРИ КРАЈ“ Крива Паланка поднесе кривични пријави против АХВ

18/11/2026

Општина Крива Паланка денеска поднесе неколку кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство поради непостапување по извршните решенија за одземање на

ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС ВО ОХРИД СТАВЕН ВО УПОТРЕБА И ПОКРАЈ НЕПРАВИЛНОСТИТЕ Кривична за фирма и за

18/11/2026

Сопственик и управител на фирма од Кавадарци е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, откако хотелски комплекс во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy