ФИЛИПЧЕ ПАК СЕ ОДНЕСУВА КАКО ПОЛИТИЧКИ ЛЕШИНАР Протестот на СДСМ во Охрид е за фотелји, а не за правда
За денеска СДСМ најави протест во Охрид каде недолжна млада девојка беше крвнички нападната од насилникот кој е зад решетки, а протестот е политичка злоупотреба на настанот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваа случка беше недвосмислено осудена од сите фактори во државата. ВМРО-ДПМНЕ веднаш го осуди инцидентот и побара Обвинителството да не помисли овој случај да биде заборавен. Единствените кои политички го злоупотребуваат овој немил настан се Венко Филипче, СДСМ и Левица. Повикот за протест е повик да се политизира целиот настан, за да има крвави политички поени за Венко Филипче. А Филипче пет пари не дава ниту за повреденото девојче ниту за неговото семејство. Ако беше поинаку, тогаш СДСМ ќе се однесуваше достоинствено, а не како лешинар“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Ова нивно однесување се повторува, се додава во соопштението.
„Впрочем, нивното лешинарење почна уште од времето на злоупотребите на смртта на Мартин Нешкоски, малечката Тамара, децата кај Смилковско Езеро, Никола Младенов. Венко Филипче со Зоран Заев има историја на злоупотреби и лешинарење на политичката сцена само за да дојдат на власт. Нивното антимакедонско однесување е дното кое народот го осудува и од кое мора да се дистанцира. Протестот на СДСМ во Охрид не е за сочувство на семејството на претепаното девојче, туку борба за фотелјата на Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од семејството на нападнатата девојка вчера повикаа да не се одржува протест оти им е потребен мир и спокој, а од СДСМ одговорија дека протестот ќе се одржи, затоа што не се однесува само за нивната ќерка, туку е општ и е против насилство врз жените.
.
Извор: plusinfo.mk