Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Првообвинетиот за убиствата на Вања и Панче бара изземање на обвинителката, но и на целото обвинителство
Македонија

Првообвинетиот за убиствата на Вања и Панче бара изземање на обвинителката, но и на целото обвинителство

27/01/2025

AA

Љупчо Палевски – Палчо, првообвинетиот за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на денешното судско рочиште побара изземање на обвинителката Жаклина Јосифовска, но и на целото скопско обвинителство.

– Се обраќам до републичкиот обвинител Љупчо Коцевски за изземање на обвинителката Жаклина Јосифовска и целото скопско обвинителство. Не сум оптимист за вашата праведна одлука, но нека остане пишан документ за криминалната истрага спроведена од вашите вработени. Предложени се докази за лажна изјава на сведок, фалсификувано вештачење на телефон и нецелосна телефонска комуникација. Јосифовска, иако ги знаела фактите, без вештачење на телефонот на сведокот, донесе сведок кој, според докази, сведочел лажно. Дополнително, криењето на оружје и нерасчистувањето дали обвинетите поседуваат оружје е сериозно кривично дело, изјави Палевски.

Тој истакна дека полицијата го информирала обвинителството дека неговиот пиштол со дозвола бил одземен шест месеци пред настанот, додека обвини дека неговиот сообвинет Боре Видевски поседува оружје кое не било евидентирано.

– Видевски поседува пиштол калибар 9мм со дозвола од 1990 година, како и ловна пушка. Но, при претрес на неговиот дом, пиштолот не е евидентиран. Ова покажува намера за креирање обвинителни акти без основа, рече Палевски.

Тој доставил слика од монитор на МВР, на која, според него, се гледа дека Видевски поседува оружје, а како доказ го добил од, како што рече, правдољубиви луѓе во МВР.

– Го прашувам обвинителот Коцевски: Каде е пиштолот ‘зброевка’ на Видевски?

Обвинетите не се чувствуваат виновни

Судењето е во тек, а обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, на првото рочиште се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да изнудат откуп од член на нејзиното семејство. Панче Жежовски, пак, бил грабнат во Велес со намера да биде присилен да го предаде своето возило „Цитроен“, кое подоцна било користено за киднапирањето на девојчето во Скопје.

Вања и Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, беа пронајдени мртви на 3 декември истата година во близина на Скопје и Велес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy