Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОТЕСТИ НИЗ ШПАНИЈА: Сидникатите бараат намалување на осумчасовната работна недела
Економија

ПРОТЕСТИ НИЗ ШПАНИЈА: Сидникатите бараат намалување на осумчасовната работна недела

27/09/2024

AA

Во Шпанија денеска на покана на синдикатите ќе се одржат сенародни протести со цел да се постигне договор меѓу владата и бизнис секторот за намалување на работната недела која трае вкупно 40 часа за 2,5 часа.

Работодавците го отфрлаат барањето на синдикатите бидејќи се загрижени за зголемените трошоци, додека социјалистите на шпанскиот премиер Педро Санчез се обидуваат да ги убедат бизнисите да прифатат план за намалување на работната недела, велејќи дека промената ќе доведе до зголемена продуктивност, објави Ројтерс.

Сопствениците на бизниси стравуваат дека предлогот ќе значи дека вработените работат помалку часови за иста плата како порано.

Поранешниот шеф на Европската централна банка, Марио Драги, во извештајот, кој беше направен овој месец за Европската комисија, изјави дека ЕУ мора да го премости јазот во продуктивноста меѓу нејзините членки за да држи чекор со економските ривали – САД и Кина.

Шпанците работат повеќе часови од повеќето Европејци и, според Евростат, просечната работна недела во Шпанија била 36,4 часа во 2023 година во споредба со просекот на ЕУ од 36,1 часа.

Во 2000 година, Франција воведе 35-часовна работна недела, очекувајќи дека тоа ќе доведе до отворање на стотици илјади работни места.

Но, податоците покажуваат дека има зголемување на цената на работната сила и дека компаниите станале помалку конкурентни, наведува британската агенција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јаневска: Децата најчесто ги носат моделите на однесување од дома

18/06/2026
Македонија

Акција поврзана со ФФМ: ОЈО ГОКК, Управата за финансиска полиција

18/06/2026
Македонија

Нов бран на нестабилност: Попладне можни краткотрајни невремиња во планинските

18/06/2026
Македонија

МВР со алармантни податоци: Зголемено семејното и врсничкото насилство кај

18/06/2026
Македонија

Ордановски: Сите зборуваат за ЕУ, но кога ќе дојдат на

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Падот на квалитетното новинарство е глобален процес, но кај

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Новинарството треба да биде коректив на власта, но цинизмот

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Не сме автократско општество, но не сме ниту демократски

16/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43791
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јаневска: Децата најчесто ги носат моделите на однесување од дома

18/06/2026

Образовниот систем ќе добие нов механизам за рано препознавање и спречување на семејното и врсничкото насилство преку нов проект кој

Акција поврзана со ФФМ: ОЈО ГОКК, Управата за финансиска полиција и МВР спроведуваат претреси во

18/06/2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни

Нов бран на нестабилност: Попладне можни краткотрајни невремиња во планинските и југоисточните региони

18/06/2026

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер (40km/h) од северен правец, особено во источните делови. Максималната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy