Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ОСТАНУВА НА МАКЕДОНСКИ Димитриевски уверува дека ставот на ЗНАМ е непроменлив
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ОСТАНУВА НА МАКЕДОНСКИ Димитриевски уверува дека ставот на ЗНАМ е непроменлив

31/10/2026

AA

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со отчетот пред граѓаните. Под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, денеска во Кочани, заедно со партиското раководство, ги презентираше резултатите од изминатите две години и ги испрати, како што беше истакнато, јасните пораки за принципите од кои ЗНАМ нема да отстапи.

Во партиското соопштение се наведува дека за прашањата што ги засегаат македонскиот јазик, државниот суверенитет и почитувањето на Уставот и законите нема простор за политички пазарења.

Осврнувајќи се на шпекулациите и барањата поврзани со полагањето на правосудниот испит, Димитриевски порача дека ставот на ЗНАМ е јасен и непроменлив.

– Сè додека ЗНАМ е дел од Владата, правосудниот испит ќе се полага согласно Законот и Уставот, на македонски јазик! Може да има различни барања, притисоци и шпекулации, но нашиот став е јасен. Тоа се нашите црвени линии и од нив нема да отстапиме. Законите и Уставот мора да се почитуваат, а македонскиот јазик е темел на нашиот државен идентитет. За принципите што ги застапуваме не бараме алиби и не прифаќаме компромиси што се спротивни на законите и Уставот – истакна Димитриевски.

Претседателот на ЗНАМ се осврна и на случајот со Ива Михајлова, посочувајќи дека ниската излезност на изборите во Бугарија и апатичната атмосфера кај бугарските граѓани, според него, не смеат да се прикриваат преку создавање лажни политички теми, провокации и обиди за вршење притисок врз Македонија.

– Поразително ниската излезност на изборите во Бугарија и апатијата кај бугарските граѓани не можат да се покриваат со креирање лажни политички теми и обиди за политички притисок врз Македонија. Во однос на случајот со Ива Михајлова, ги повикувам бугарските власти да постапат согласно потерницата издадена од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и да ја екстрадираат за да одговара пред надлежните институции за случајот за кој се товари. Очекуваме почитување на правните процедури и соработка со надлежните институции. Македонија е суверена држава и нема да дозволиме создавањето лажни политички теми да го потисне почитувањето на правниот поредок – нагласи Димитриевски.

На панел-дискусијата во Кочани се обратија и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и потпретседател на ЗНАМ, Борче Серафимовски, пратеникот и потпретседател на Движењето, Павле Арсоски, како и директорот на Геолошкиот завод, Ивица Андов.

Серафимовски ги презентираше мерките и активностите за поддршка на македонските земјоделци, за јакнење на домашното производство и за подобрување на условите за работа во земјоделството.

Арсоски се осврна на улогата на Собранието во донесувањето значајни законски решенија и во реформските процеси, додека Андов зборуваше за потенцијалите на природните ресурси на Македонија и нивното одговорно искористување во функција на економскиот развој.

Со отчетот во Кочани, ЗНАМ ја продолжува политиката на директна комуникација со граѓаните, презентирајќи ги резултатите од досегашната работа и поставувајќи ги приоритетите за периодот што следува.

За ЗНАМ, како што се наведува во соопштението, отчетот не е формалност, туку обврска кон граѓаните – две години работа, две години резултати и определба Македонија да биде држава во која важат законите и се штитат националните интереси.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ОСТАНУВА НА МАКЕДОНСКИ Димитриевски уверува дека ставот на

31/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНО ЗДРАВСТВО И ЕДУКАЦИЈА НА СПЕЦИЈАЛИСТИ Нов договор меѓу Македонија

31/10/2026
Македонија

Народната банка: Одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија

31/10/2026
Македонија

Димитриевски: Додека ЗНАМ е во Владата, правосудниот испит ќе се

31/10/2026
Македонија

Што навистина се случува во Полска? Криза меѓу претседателот и

31/10/2026
Македонија

ПУШТИЛА КУЧЕ БЕЗ НАДЗОР, ТОА КАСНАЛО ЖЕНА Кривична пријава за

31/10/2026
Македонија

„ФИЛИПЧЕ Е СЛОБОДЕН, СЕГА И БЕСИМИ И ЕТЕМИ“ Петрушевски жестоко

31/10/2026
Македонија

БРВЕНИЦА ВО НЕДЕЛА ГО ИЗБИРА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК Денеска гласаат болните

31/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46475
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДИГИТАЛНО ЗДРАВСТВО И ЕДУКАЦИЈА НА СПЕЦИЈАЛИСТИ Нов договор меѓу Македонија и Турција

31/10/2026

Министерот за здравство, Сашо Клековски синоќа на маргините на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул оствари билатерална средба со

Народната банка: Одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија не значи автоматско одземање на

31/10/2026

Народната банка појаснува дека Алта банка АД Битола е независно правно лице и дека нејзиното работење се оценува согласно домашните

Димитриевски: Додека ЗНАМ е во Владата, правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик!

31/10/2026

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, изјави дека правосудниот испит ќе продолжи да се полага на македонски јазик сè додека

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy