ПУШТИЛА КУЧЕ БЕЗ НАДЗОР, ТОА КАСНАЛО ЖЕНА Кривична пријава за 35-годишна кратовчанка
Жена била касната од куче на улицата Глигор Пазавански во Кратово, откако животното, според полицијата, било пуштено без надзор и без заштитна маска.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидентот се случил на 12 октомври, а кучето ја каснало М.К.
Поради случајот, ОВР Кратово поднесе кривична пријава против 35-годишна жена од Кратово, која е осомничена за кривичното дело „предизвикување општа опасност“.
.
Извор: plusinfo.mk