Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Пратениците одлучија на грбот на децата да прават политика“, рече Велковски за недонесувањето на законот со кој се решаваше проблемот со недостаток на кадар во градинките
Македонија

„Пратениците одлучија на грбот на децата да прават политика“, рече Велковски за недонесувањето на законот со кој се решаваше проблемот со недостаток на кадар во градинките

29/03/2024

AA

Собранието не ги донесе предлог законските измени на Законот за заштита на децата со кој се решаваше проблмот со недостаток на лиценциран стручен кадар во градинките низ Македонија. Министерот вечерва ваквата постапка на пратениците ја нарече „правење на политика врз грбот на граѓаните“.

„Навистина не знам зошто политичарите во парламентот одлучија на грбот на децата да прават политика. Немаше потреба. Луѓево чекаат лиценци од 2021, 2022 година. Денеска се пријавуваат и други, тоа е нормален процес…“, рече во емисијата „10 минути“ на ТВ21 министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

Тој додаде дека бројот на лица кои ги чекаа овие законски измени надминува 1000.

„Веќе не броиме, бидејќи верувајте ако не ги решиме тие од 2021 година кои се дискриминирани за жал, бидејќи пријавените од 2023 година тие полагале, тука е суштинскиот проблем“, додаде Велковски.

Поради ова денеска се соочуваме со недоволен кадар во градинките.

Над 5.000 деца во Македонија се на листите на чекање за згрижување во детска градинка, додека пак над 1.000 лица од 2021 година до сега чекаат да добијат лиценцирање како би го пополниле недостатокот од стручен кадар во градинките во градовите низ Македонија.

Инаку денеска беше последен работен ден на Собранието. Иако тоа е во постојано заседание и по потреба може да биде свикано, сепак пратениците веќе немаат закажано пленарни седници ниту комисии или работни тела.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА

09/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО

09/10/2026
Македонија

ПЕТ-ЦЕНТАРОТ ЌЕ РАБОТИ ВО ВИКЕНДИ И НА ПРАЗНИЦИ Целта е

09/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРЕЧИЛА ОКОЛУ 40 МИГРАНТИ ДА ВЛЕЗАТ ВО МАКЕДОНИЈА Испукани

09/10/2026
Македонија

5,5 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ПОТРОШЕНИ ЗА ПРОСЛАВАТА НА 35 ГОДИНИ

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46083
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА Постројката на HELLENiQ ENERGY ќе

09/10/2026

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше со компании и медицински институции

09/10/2026

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на Деветтиот германско-источноевропски здравствен форум во Берлин.

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е виновен за четири убиства и

09/10/2026

Основниот суд во Куманово му изрече казна доживотен затвор на 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, кој е прогласен за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy