Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 5,5 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ПОТРОШЕНИ ЗА ПРОСЛАВАТА НА 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОТ Владата подготви детален извештај за реализираните 18 настани во 13 градови
Македонија

5,5 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ПОТРОШЕНИ ЗА ПРОСЛАВАТА НА 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОТ Владата подготви детален извештај за реализираните 18 настани во 13 градови

09/10/2026

AA

Со 18 настани одржани во 13 градови низ државата, бесплатно достапни за сите граѓани, комплетно е реализирана програмата за одбележување на 35-годишнината од независноста на Македонија, информираше денеска портпаролката на Владата, Марија Митева.

Презентирајќи го деталниот извештај од над 80 страници подготвен од компанијата „Стардаст“ задолжена за реализација на проектот, Митева на заедничка прес-конференција со генералниот директор на „Државна лотарија“ Александар Климовски посочи дека целта била да се креира сеопфатна национална програма со високи уметнички и продукциски стандарди, во која централно место зазедоа македонските уметници, комбинирани со настапи на светски познати имиња.

Вкупната вредност за сите реализирани активности изнесува 340.509.749 денари (5,5 милиони евра), кои во извештајот се распределени во пет основни категории и тоа: хонорари за артисти и изведувачи – 129,3 милиони денари (2 милиони евра), продукциски трошоци – 96,2 милини денари, логистички трошоци – 58,5 милони денари, маркетинг – 2,8 милиони денари и хонорари за соработници – 53,5 милиони денари.

– Достоинственото одбележување на националните јубилеи подразбира истовремено почитување на историјата, афирмирање на националната култура, отворање простор за современ уметнички израз и одговорност во користењето на јавните средства – истакна Митева.

Како Влада, нагласи Митева, сметаме дека јавноста заслужува да има целосен увид во тоа што беше реализирано, кој беше концептот врз којшто се темелеше програмата, каква беше нејзината национална, но и културна вредност и секако, како се распределени финансиските средства.

– Во таа насока беше и поставена и целокупната програмска концепција. 18 настани низ 13 градови во Македонија. Во деталниот извештај има и распоред на реализирани настани, секој од нив е поединечно обработен во извештајот со објаснување на концептот, содржината, ангажираните капацитети и неговото место во целокупната програма – порача Митева.

Особено важно, нагласи Митева, е што концептот не се потпираше исклучиво на големи меѓународни имиња, туку напротив, една од неговите основни определби беше македонските уметници да имаат централно место во одбележувањето на независноста.

Носител на програмата беше националниот музичко-сценски караван „Силно светнал ден“, кој помина низ 11 градови и тоа Охрид, Битола, Велес, Крушево, Куманово, Штип, Прилеп, Кичево, Кавадарци, Пробиштип и Скопје, во која македонските уметници беа во центарот, ангажирајќи 41 македонски вокален изведувач, 20 танчери и актери, како и оркестар од 15 музичари. Проектот е реализиран во копродукција со „ОХО продукција“.

​Во рамки на одбележувањето, на 1 септември се одржа и концертот „Хозе Карерас и Македонија Ол Старс“, каде што светски познатиот тенор настапи заедно со 10 македонски изведувачи и Македонската филхармонија под диригентство на Давид Хименес.

​Програмата опфати и низа други концерти, а главната прослава беше централниот концертен спектакл на Дејвид Гета со проектот „Монолит шоу“, одржан на 8 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, кој според извештајот, го следеле околу 50.000 посетители. За заштита на спортската инфраструктура и тревната површина на стадионот, Митева нагласи, дека бил користен специјализиран систем од тешкотоварни заштитни панели.

​Во рамки на програмскиот концепт „Најдоброто од Македонија“ беа организирани три концерти во Струмица, Скопје и Тетово со настапи на бројни македонски изведувачи: Синтезис, Меморија, Суперхикс, Слаткаристика, 2 Бона, Фанк Шуи, Дина Јашари, Каролина Гочева и Елита 5…  додека во меѓународниот сегмент беа реализарани настапи на Пол Ван Дајк и Стив Аоки во Охрид и централниот концертен спектакал на Дејвид Гета во Скопје.

Вредноста на програмата, нагласи Митева, се гледа преку сеопфатниот опсег на 18 настани во 13 градови, а за резултатите и општественото значење на програмата, неопходно е да се погледне во целината, а не само можеби поединечните концерти.

– Вредноста на програмата се согледува преку повеќе аспекти: преку националниот опфат од 18 настани во 13 градови, со што се обезбеди широко територијално присуство на програмата; потоа преку непосредно вклучување на голем број на македонски уметници, музичари, танчери, актери, технички професионалци, но и продукциски соработници; преку реализација на настани со високи продукциски и безбедносни барања; преку бесплатниот пристап на граѓаните, со што програмата доби изразен јавен карактер и овозможи широко учество во одбележувањето; преку поврзување на македонското творештво со меѓународно признати уметници и продукции; и конечно, преку создавање на културна и аудио-визуелна содржина која останува како трајно сведоштво за одбележувањето на 35 години независност – изјави Митева.

Извештајот за реализација на програмата за одбележување на 35 години независност на Македонија е на повеќе од 80 страници, во кои, како што беше посочено, детално се образложени програмска концепција, организација, продукциски стандарди, ангажирани уметници и соработници, технички и логистички аспекти, како и финансиска структура на реализирани активности.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЕТ-ЦЕНТАРОТ ЌЕ РАБОТИ ВО ВИКЕНДИ И НА ПРАЗНИЦИ Целта е

09/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРЕЧИЛА ОКОЛУ 40 МИГРАНТИ ДА ВЛЕЗАТ ВО МАКЕДОНИЈА Испукани

09/10/2026
Македонија

5,5 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ПОТРОШЕНИ ЗА ПРОСЛАВАТА НА 35 ГОДИНИ

09/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА НЕ УЧЕСТВУВА ВО ПОВТОРНО ПРЕГОВАРАЊЕ ЗА ОБВРСКИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

09/10/2026
Македонија

НОВА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА Српската демократска лига на

09/10/2026
Македонија

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ФИЛИПЧЕ РАБОТИ ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА СОФИЈА Инсистира на

09/10/2026
Македонија

ДУИ ОБВИНУВА ЗА ПОЛИЦИСКО НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА МЛАДИ Внатрешна контрола

09/10/2026
Македонија

ИВА МИХАЈЛОВА „ПОИНТЕРЕСНА“ И ОД КОРИДОРОТ 8 И ОД ВЕТОТО

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46078
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЕТ-ЦЕНТАРОТ ЌЕ РАБОТИ ВО ВИКЕНДИ И НА ПРАЗНИЦИ Целта е да се намали времето на

09/10/2026

Министерството за здравство информира дека, почнувајќи од овој продолжен викенд, вклучувајќи го и претстојниот празник, а потоа и во наредните

ПОЛИЦИЈАТА СПРЕЧИЛА ОКОЛУ 40 МИГРАНТИ ДА ВЛЕЗАТ ВО МАКЕДОНИЈА Испукани предупредувачки истрели на границата со

09/10/2026

Полицијата спречила група од околу 40 мигранти да влезат нелегално во Македонија од Грција, во близина на гевгелиското село Моин.

БУГАРИЈА НЕ УЧЕСТВУВА ВО ПОВТОРНО ПРЕГОВАРАЊЕ ЗА ОБВРСКИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Петрова категорична дека уставните измени

09/10/2026

Бугарија категорично не учествува во никакви консултации за повторно преговарање на обврските преземени од Македонија на нејзиниот пат кон Европската

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy