Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУГАРИЈА НЕ УЧЕСТВУВА ВО ПОВТОРНО ПРЕГОВАРАЊЕ ЗА ОБВРСКИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Петрова категорична дека уставните измени се единствениот пат за напредок кон ЕУ
Македонија

БУГАРИЈА НЕ УЧЕСТВУВА ВО ПОВТОРНО ПРЕГОВАРАЊЕ ЗА ОБВРСКИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Петрова категорична дека уставните измени се единствениот пат за напредок кон ЕУ

09/10/2026

AA

Бугарија категорично не учествува во никакви консултации за повторно преговарање на обврските преземени од Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, рече денеска министерката за надворешни работи Велислава Петрова Чамова за време на денешната парламентарна контрола во Народното собрание.

Таа даде одговор на пратеничките прашања во врска со моменталната состојба на билатералните односи и европската интеграција на „западниот сосед“.

– Бугарија не е во процес на дискусија или консултации за промена на веќе утврдените услови и обврски преземени од Скопјe. Ставот на Софија останува непроменет – спроведувањето на договорот од 2022 година е најдиректниот и единствен можен пат за Република Северна Македонија да напредува кон членство во ЕУ. Бугарија не поставува нови барања надвор од општоприфатената европска рамка, туку инсистира на строго почитување на досега потпишаните договори и гарантирање на правата на Бугарите во соседната земја – рече Петрова.

Министерката ја бранеше доследноста на бугарската надворешна политика, нагласувајќи дека градењето трајно добрососедство и доверба може да се случи само преку реални акции и спроведување на преземените обврски.

Дискусијата во бугарското собрание следува по вчерашната средба на Петрова Чамова со македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски во Софија. Муцунски ја оцени средбата како конструктивна и нагласи дека позициите на двете страни и натаму остануваат значително оддалечени, а во врска со европската интеграција на Македонија меѓу двете страни постои висок степен на недоверба.

По средбата МНР соопшти дека двајцата министри разговарале и за продолжување на дијалогот меѓу двете држави во периодот што следи, при што е потврдена подготвеноста комуникацијата да продолжи и покрај постојните разлики во позициите.

Муцунски нагласил дека прашањата поврзани со идентитетот, историјата и културата не смеат да претставуваат пречка на европскиот пат и истакнал дека без дијалог не може да се дојде до решение, но и дека самиот дијалог не е гаранција за надминување на разликите.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy