БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ФИЛИПЧЕ РАБОТИ ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА СОФИЈА Инсистира на уставни промени, молчи за цар Самуил
Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за коските на Цар Самуил, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
– Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските. Филипче секојдневно вели Бугарите во Устав, па сè друго. Ова е истиот став на оној кој го има и соседна Бугарија. Филипче и неговиот ментор Зоран Заев велеа дека Бугарите биле ослободители, а не фашисти во Втората светска војна, односно дека биле администратори и дека македонскиот јазик е од 1944 година, а нашата држава била создадена благодарение на комунизмот – рече Манасиевски.
Филипче периодов молчи и за пренесувањето на таканаречените мошти на Цар Самуил во Бугарија, додаде тој.
– Молчи затоа што со неговиот ментор Заев преку историската комисија се откажаа од него уште во првиот момент, без размислување – рече Манасиевски.
Замислете на што сè е спремен Филипче за пуста власт да направи, додаде Манасиевски.
– Од Стабри здравство, до марихуана економија и капитулација на идентитетот и интегритетот на Македонија. Затоа, претседателот Христијан Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, ќе го зачуваат она достоинство коешто Филипче и Заев не успеаја да го допродадат. Заедно ќе успееме – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
.
Извор: plusinfo.mk