Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина Ванчо Богдов, штипски бизнисмен кој својата фабрика „Вабо“ ја даде на работниците
Македонија

Почина Ванчо Богдов, штипски бизнисмен кој својата фабрика „Вабо“ ја даде на работниците

14/03/2023

AA

Реномираниот бизнисмен Ванчо Богдов синоќа ненадејно почина во Штип на 62 годишна возраст. Богдов пред две години ја даде својата фабрика „Вабо“ на користење на работниците за тие да менаџираат со неа преку избран менаџмент составен од искусни конфекционери и квалитетни инженери, пренесува „Сдк.мк“.

Од менаџментот велат тие постојано можеле да сметаат на неговата помош. Тие заедно сумирале дека изминатата година ја завршиле успешно со добри и редовни плати, со обезбеден извозен пазар и со успешно стопанисување во услови на енергетска криза.

„Неговите совети беа драгоцени, помошта што ни ја пружаше беше неизмерна. Ни даваше идеи како да ја пребродуваме општата економска криза и како да се справуваме со високите цени на енергенсите. Од него научивме многу, но неговото присуство и неговите предлози секогаш ќе ни недостасуваат. Сите вработени сме во шок. Во знак почит фабриката ‘Вабо’ денешниот и утрешниот ден ги прогласува за денови на жалост и фабриката нема да работи“, вели менаџментот.

Богдов претходно беше претседател на Балканец од Штип, најтрофејниот боречки клуб во Македонија. На еден од пешачките мостови на реката Отиња, каде често пешачел, синоќа го добил првиот срцев удар. Случајните минувачи го реанимирале, го пренеле во болницата каде починал.

Од семејството велат дека Богдов ќе биде погребан утре, а ќе се одржи и опело во црквата „Св. Константин и Елена“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy