Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПО 30 ГОДИНИ СТОКМЕНИ СЕ НОВ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК И ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА Одат на мислење во Брисел
Македонија

ПО 30 ГОДИНИ СТОКМЕНИ СЕ НОВ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК И ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА Одат на мислење во Брисел

10/11/2026

AA

Министерството за правда ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

„Новиот Кривичен законик се подготвува по три децении, а заедно со новиот Закон за кривичната постапка треба да обезбеди поефикасна борба против криминалот и корупцијата, поправични судски постапки, подобра заштита на жртвите и поголема правна сигурност за граѓаните. Суштината на реформата не е само во донесувањето нови закони, туку во нивната примена и резултатите што треба да ги почувствуваат граѓаните. Целта е да се создаде законска рамка што ќе овозможи ефикасни истраги, правични судски постапки, еднаква примена на законот и одговорност без исклучоци“, соопшти Министерството за правда.

Подготовката на новиот Кривичен законик започна во 2019 година, а работната група предводена од академик Владо Камбовски во периодот од 2020 до 2026 година спроведе широки консултации со претставници на правосудството, академската заедница, надлежните институции и граѓанските организации.

Во предложениот текст се вградени 33 релевантни директиви на Европската Унија, а во текот на консултациите биле разгледани повеќе од 50 мислења и предлози.

„Паралелно се работеше и на новиот Закон за кривичната постапка. Експертската работна група предводена од проф. д-р Гордана Лажетиќ, составена од 25 члена, ја заврши подготовката на текстот во октомври 2026 година. Предлогот предвидува усогласување со 25 релевантни европски директиви и стандарди. Меѓу клучните решенија се унапредувањето на конфискацијата, финансиските истраги, електронските докази, посебните истражни мерки, заштитата на жртвите, како и можностите за одржување рочишта и изведување докази на далечина“, соопшти Министерството за правда.

Во подготовката на двата законски текста значајна поддршка обезбедиле меѓународните партнери, особено Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Со доставувањето на предлозите до Европската комисија, Министерството за правда продолжува со исполнувањето на обврските од Реформската агенда и усогласувањето на домашното законодавство со европското право.

Реформата на казненото законодавство треба да донесе конкретни промени во функционирањето на правосудниот систем. Нејзината вистинска вредност треба да се покаже во поефикасните истраги, поправичните судски постапки, посилната заштита на правата и поголемата правна сигурност за секој граѓанин.

 

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ПО 30 ГОДИНИ СТОКМЕНИ СЕ НОВ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК И ЗАКОН

10/11/2026
Македонија

КАЗНА ОД 45 ЕВРА ЗА ВОЗАЧИТЕ БЕЗ ЗИМСКА ОПРЕМА Од

10/11/2026
Македонија

ВЛЕГОЛ ВО УЧИЛИШТЕ И НАТЕПАЛ ДВАЈЦА УЧЕНИЦИ Уапсен 51-годишен жител

10/11/2026
Македонија

РЕКОРДНИ 773 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАУКАТА Македонија ги зголемува инвестициите,

10/11/2026
Македонија

КРИСТИ МЕКОРМИК НОМИНИРАНА ЗА НОВ АМБАСАДОР НА САД ВО МАКЕДОНИЈА

10/11/2026
Македонија

ЦРНИТЕ СЦЕНАРИЈА НА СДСМ НЕМА ДА УСПЕАТ, БАНКАРСКИОТ СЕКТОР Е

10/11/2026
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46691
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КАЗНА ОД 45 ЕВРА ЗА ВОЗАЧИТЕ БЕЗ ЗИМСКА ОПРЕМА Од 15 ноември почнува законската обврска

10/11/2026

Казна од 45 евра во денарска противвредност им се заканува на возачите што од 15 ноември нема да ја имаат

ВЛЕГОЛ ВО УЧИЛИШТЕ И НАТЕПАЛ ДВАЈЦА УЧЕНИЦИ Уапсен 51-годишен жител на тетовско Требош

10/11/2026

Педесет и едногодишен жител на тетовското село Требош е приведен откако влегол во основно училиште и физички нападнал двајца малолетни

РЕКОРДНИ 773 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАУКАТА Македонија ги зголемува инвестициите, ЕУ нотира напредок во научно-истражувачката

10/11/2026

Светскиот ден на науката за мир и развоj – 10 Ноември оваа година го одбележуваме со видливи резултати во научно-истражувачката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy