Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека сега ВЛЕН би освоил повеќе пратеници од ДУИ
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека сега ВЛЕН би освоил повеќе пратеници од ДУИ

09/11/2026

AA

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки, за кои се поднесени 2.158 амандмани, а ако нема договор Собранието ќе ги разгледа амандманите во роковите предвидени со Деловникот.

– Во овој случај, мислам ако има толку многу амандмани, ние сме парламентарна демократија, Собранието е место каде што се разговара, ќе треба да се најде начин да се дојде до решение – рече Гаши во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Прашан дали веќе разговарал со координаторите на пратеничките групи, претседателот на Собранието истакна дека денеска, од објективни причини немало координација и оти позициите на партиите се познати.

Измените се прва точка на дневниот ред на утрешната пленарна седница, но на прашањето дали пратениците ќе почнат со нив или предност ќе добие ребалансот на буџетот, Гаши рече дека вообичаено кога е во прашање ребалансот се почнува со него.

Според него, суштината на измените е при изборот на најдобрата понуда, покрај цената, да се вреднува и квалитетот.

– Никој нема намера, најмалку мнозинството во овој случај да протне нешто – рече Гаши.

Законот за јавни набавки утре се враќа на трето читање откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не го потпиша указот за измените што Собранието ги усвои на 26 октомври.

Тој зборуваше и за парламентарните избори и изрази убедување дека ќе се одржат во редовниот термин, иако, според неговата процена, на ВЛЕН би му одговарало да се гласа сега. Тој вели дека од евентуални предвремени избори не очекува позначајна промена во односот на силите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но очекува подобар резултат за ВЛЕН во однос на ДУИ.

– Но, не мислам заради интересот на една политичка партија треба да се оди на избори и да се поремети овој принцип за кој верувам дека има поголеми ефекти во општеството, во државата, да креираме заеднички политичка стабилност секои 4 години. Неколку последователни изборни циклуси во кои парламентот би го завршил четиригодишниот мандат би придонеле за политичка стабилност – вели претседателот на Собранието.

На прашање дали има проблем во партијата со договарање на кадрите и дали заменик-министерското место во МВР може да биде една од точките на раздор помеѓу лидерите во ВЛЕН, Гаши рече дека нема сознанија за  такви проблеми, ниту во ВЛЕН, ниту меѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека иако ВЛЕН е хетерогена партија, сепак многу брзо оди кон хомогенизација.

– Гледаме силни елементи на хомогенизација наспроти политичките партии кои изгледаат унисоно, имаат поголема традиција, а внатре имаат големи раздори во повеќе фракции. Така што, мислам дека ако се споредуваме со другите политички партии, ние одиме кон кон хомогенизација, конвергираме. Тој процес може да потрае и нормално дека треба да трае. Јас не сум човек кој сака да ги прикрие работите. Тоа е четири партии да зближите, прво дасе организира конгрес, да се донесе одлука дека ќе бидеме една партија, не е лесна работа. Сите кои се бават со политика секаде во светот ќе ви кажат дека тоа е ѓаволски тешка работа. Но, и потоа ни останува работа на сите нас кои сме внатре да да работиме на хомогенизација на ВЛЕН – рече Гаши.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА БАРА КРИЗНА СОСТОЈБА Комитетот на

09/11/2026

Барањето од градоначалникот Сашко Митовски до Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy