ЦРНИТЕ СЦЕНАРИЈА НА СДСМ НЕМА ДА УСПЕАТ, БАНКАРСКИОТ СЕКТОР Е СТАБИЛЕН Лефков уверува дека депозитите во Алта банка нема да бидат загрозени
Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, синоќа во емисијата „24 Анализа” на телевизија 24, зборуваше за случувањата со Алта банка, како увезена состојба, за експресната реакција од страна на Народната банка како независно тело надлежно за водење на монетарната политика во државата, а во насока на заштита на целокупниот банкарски сектор, на депозитите и на штедачите, како и за можноста за преземање и промена на сопственоста на Алта банка.
– Овде имаме два паралелни процеси коишто се одвиваат. Најпрвин банкарскиот сектор е воден од независно, едно навидум ревизорско тело, тоа е Народната банка и е тело коешто е независно од власта, функционира независно од власта и се грижи за монетарната политика и во изминатите години докажала дека Народната банка си ја врши својата работа онака како што треба – рече Лефков.
Вториот аспект, рече Лефков, е она што се случи со една увезена криза, кога станува збор за Алта банка.
– Овде е важно дека банкарските власти, односно Народната банка, па и еве владата, се одзвале во насока на заштита на депозитите и во насока на заштита на штедачите, и тоа јавноста може да посведочи дека се направи во експресно брз рок, воспоставување на администрација, воспоставување на начин за повлекување на средствата, се работи и на електронска база за тоа да се овозможи и за правните лица – рече пратаеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Лефков ја посочи и политичката димензија на целокупната ситуација, односно како што вели тој, неодговорното однесување на опозицијата.
– Има едно неодговорно би рекол однесување на опозицијата кај нас, предводена од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, којшто неоправдано се обиде да создаде банкарска паника, неводејќи воопшто сметка за тоа дека банкарскиот сектор е една од стратешките, економски гранки во државата. Најави невидена пљачка, најави сомнеж на депозитите на останатите штедачи, практично и покажа на јавноста како не треба да се настапува кога се соочуваме со ваков вид на закани – рече Лефков.
Пратеникот Лефков се надоврза и појасни дека најдобро решение за целокупниот банкарски сектор би била промената на сопственоста на Алта банка, како најпосакувано сценарио, односно банката да не отиде во стечај.
– Посакуваното сценарио е промена на сопственоста без да бидат загрозени депозитите. Премиерот денеска најави дека разговорите вродуваат со плод и најверојатно ќе биде најден купувач. Практично ќе се овозможи оваа администрација, којашто е поставена од управниот одбор на Народна банка да резултира со промена на сопственоста и заштита на банкарскиот сектор во државата – истакана Лефков.
“.
.
Извор: plusinfo.mk