ВЛЕГОЛ ВО УЧИЛИШТЕ И НАТЕПАЛ ДВАЈЦА УЧЕНИЦИ Уапсен 51-годишен жител на тетовско Требош
Педесет и едногодишен жител на тетовското село Требош е приведен откако влегол во основно училиште и физички нападнал двајца малолетни ученици, упатувајќи им и вербални закани.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 9 ноември, околу 9 часот, за време на големиот одмор, кога Б.Х. влегол во училишните простории и ги нападнал учениците.
Полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода во 18:10 часот. Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
.
Извор: plusinfo.mk