Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

AA

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот договор и промената на уставното име не ѝ овозможи побрзо да напредува во евроинтеграциите. Гаши вели дека политичките партии на Албанците се подготвени да ги поддржат уставните измени, но дека внимателно пристапуваат кон ова прашање поради неговата поврзаност со македонскиот идентитет.

На прашањето дали отсуството на Македонија од патоказите за напредок во процесот на проширување што Европската комисија ги претстави за четирите најнапредни земји во процесот (Црна Гора, Албанија, Молдавија, Украина) е неправда или одраз на реалноста, Гаши одговори дека се присутни и двата елемента, но дека, како што рече, преовладува неправдата.

– Има дел од реалноста, но повеќе би рекол дека е неправда. Мислам дека кон нашата држава е направена неправда, со тоа што после донесувањето на Преспанскиот договор, менувањето на уставното име, ваков голем компромис, ниту во регионот, ниту пошироко, во Европа не е направен подолго време, не ѝ беше овозможено на земјава побрзо да напредува – рече Гаши во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Според претседателот на Собранието, Европската Унија пропуштила можност преку примерот на земјава да испрати порака дека државите кои се подготвени на големи компромиси за решавање на билатералните спорови можат да очекуваат побрзо напредување кон членството.

Гаши оценува дека Брисел не се одважил на таков чекор.

– Велам дека требаше да се охрабрат, мислам дека пред руската инвазија во Украина, во Европската Унија имаше големи дилеми дали треба да има проширување. И наоѓаа разни оправдувања зошто не би требало да го има. Но мислам дека после оваа руска инвазија во Украина, откако се увиде дека Европа може пак да биде ставена под голем предизвик, воен, безбедносен и така натаму, се дојде до значење и се увиде дека овој регион, Југоисточна Европа е дел од Европа и сега веќе не треба да се гледа само од интегративен аспект, туку и од безбедносен. И мислам дека ако ја видиме добро геополитичката карта, Европа е веќе свесна за тоа и сега се обидува да го поправи тоа, но мислам дека предалеку се отидени некои работи и во однос на еве, во нашата држава, приликите кои дојдоа до францускиот предлог и потоа политичките настани на оваа опозиција, доаѓање на власт на една политичка партија која беше против тој договор, дава политичка тежина и не дава можност така лесно да се помине – истака Гаши.

Според него, партиите на Албанците се за уставните измени, но не сакаат да се нарушат меѓуетничките односи.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
Македонија

750 КЛИЕНТИ НА АЛТА БАНКА ПОДИГНАА ДО 20.000 ДЕНАРИ Овозможени

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46684
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА БАРА КРИЗНА СОСТОЈБА Комитетот на

09/11/2026

Барањето од градоначалникот Сашко Митовски до Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на партискиот комитет во Центар

09/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва присуствуваше на одбележувањето на 36-годишнината од основањето на Општинскиот комитет на партијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy