Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОСТАНЕТЕ БУНТОВНИЦИ СО ПРИЧИНА! Студентските денови биле најубави во животот на претседателката Сиљановска Давкова
Македонија

ОСТАНЕТЕ БУНТОВНИЦИ СО ПРИЧИНА! Студентските денови биле најубави во животот на претседателката Сиљановска Давкова

01/10/2026

AA

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на новата генерација студенти ѝ посакаа успешна академска година, истакнувајќи дека универзитетот е место за учење, поставување прашања и истражување.

– Кога и да дојдам на овој простор чувствувам некоја чудна младешка енергија. Вие бевте и за мене останувате бунтовници со причина, а јас на пати се обидувам да ве имитирам, глумејќи политичарка, која сѐ уште има нешто бунтовно во себе и никогаш нема да го заборави најубавиот дел во животот – им рече денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на студентите.

– Сè уште верувам дека политиката може да се заузда со правото и дека на овој чуден свет му треба идеализам. Право, правда и етика – истакна Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека според неа најважното нешто за студентите е да вежбаат и да веруваат во силата на критичкиот ум.

– Имаме тешка обврска кон светите Кирил и Методиј, да го продолжиме тоа што тие го започнале, бидејќи сигурно знаете од досегашното образование дека учителите многу често биле и станувале светци. Можеби затоа и ние, иако сме една мала држава, можеме да се пофалиме со умови – рече претседателката и потсети дека пред неколку дена, највисокото признание – 8 Септември ѝ било доделено на светски познатата научничка Светлана Мојсов.

Таа нагласи дека развојот на вештачката интелигенција не треба да го потисне природниот ум.

– Да не дозволиме вештачката интелигенција да го наруши природниот ум, зашто за да користите вештачка интелигенција, мора да имате природна интелигенција – рече претседателката.

Сиљановска-Давкова ги повика студентите активно да ги бараат своите права и да се стремат кон промени, нагласувајќи дека УКИМ треба да биде предводник во промените.

– Овие млади луѓе избрале високо образование за да ги остварат своите амбиции и да се подготват за идните професионални и животни предизвици. Очекуваат да стекнат знаење и да научат вештини што ќе им овозможат успешно да се вклучат во светот на брзите технолошки, економски и општествени промени. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е вистинското место за учење, поставува прашања и истражување. Бидете љубопитни студенти и храбри во потрагата по нови знаења – порача Јаневска.

Таа нагласи дека високото образование е еден од најважните приоритети и оти Министерството работи на подобрување на условите за студирање, модернизација на студиските програми и поголема поддршка за науката и истражувањето.

– На ова плато се наоѓа најголемиот потенцијал што го има Македонија. Треба да сте свесни за тоа. Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери кои ќе ја градат иднината на оваа држава – истакна Јаневска.

Министерката информираше дека двата студентски дома во Скопје се темелно реконструирани, а наскоро ќе биде отворен и студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, по што ќе следува реконструкција и на другите домови во државата.

 

 

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се

10/10/2026
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата

10/10/2026
Македонија

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири

10/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува

10/10/2026
Македонија

ПИТА ДОЛГА 4,4 МЕТРИ ЈА ОТВОРИ „ПИТИЈАДА“ ВО ВЕЛЕС Џиновскиот

10/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ДИРЕКТОР И ВРАБОТЕНА ВО „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ Одземени камиони и

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46099
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На повисоките планини можен и снег

10/10/2026

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се очекува санкција за случајот со

10/10/2026

Полициски службеник од албанска националност, припадник на криминалистичката полиција, е посочен како главен учесник во наводното физичко малтретирање на двајца

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од маршот за 11 Октомври порача

10/10/2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy