ИСЕКОЛ ДВЕ БАНКИНИ ОД МОСТ И СИ ГИ ОДНЕЛ ДОМА!? Тешка кражба на патот Дебар-Струга
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.Г.(52) од Дебар поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик. На 14/15.09.2026 со употреба на физичка сила и алат исекол и одзел две метални заштитни еластични огради поставени на „Врмички мост” на регионален пат Дебар-Струга. Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист, а на штета на Јавното претпријатие „Македонија пат”
.
Извор: plusinfo.mk