Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одржана воена парада: „Тие се најсилни на светот“
Македонија

Одржана воена парада: „Тие се најсилни на светот“

28/07/2023

AA

Кинески и руски претставници присуствуваа на воената парада во главниот град на Северна Кореја, организирана по повод 70-годишнината од крајот на Корејската војна.

Пјонгјанг го слави како Ден на победата.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и членот на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, Ли Хонгџонг, застанаа до севернокорејскиот претседател Ким Џонг-ун за време на парадата додека гледаа вежба за напад со беспилотно летало и најновите севернокорејски нуклеарни проектили, објави Ројтерс.

Парадата се одржа синоќа, а за време на прегледот Ким, Шојгу и Ли разговараа, се смееја и поздравуваа додека севернокорејските војници маршираа, покажуваат снимките што ги објавија севернокорејските медиуми. На парадата беа прикажани и најновите севернокорејски интерконтинентални балистички ракети „Хвасонг-17“ и „Хвасонг-18“ за кои се верува дека имаат дострел да погодат цели насекаде во САД, објави британската агенција.

Ким приреди прием и ручек за Шојгу, при што изрази солидарност со рускиот народ и војска, а се разговараше и за стратешката безбедносна и одбранбена соработка на двете земји. Шојгу ја пофали севернокорејската армија како „најсилна во светот“, објави КЦНА.

На друга средба, Шојгу го прочита поздравниот говор на рускиот претседател Владимир Путин, кој и се заблагодари на Северна Кореја за поддршката на Русија за време на специјалната воена операција во Украина.

Говорејќи на парадата, министерот за одбрана генерал Канг Сун-нам ги обвини САД и нивните сојузници за зголемување на тензиите во регионот. Северна Кореја е под санкции на ОН поради нејзината ракетна и нуклеарна програма од 2006 година, вклучително и забрана за развој на балистички ракети.

Во последниве години, Русија и Кина се спротивставија на напорите на САД да воведат нови санкции кон Северна Кореја поради нејзиниот континуиран развој на балистички ракети, тврдејќи дека санкциите треба да се ублажат за хуманитарни цели и дека треба да започнат преговорите со Пјонгјанг.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Галичка свадба 2026: Традиција што обединува генерации и партнерства

29/06/2026
Македонија

Премиерот: Ќе ја анализираме секоја фактура за да ги намалиме

29/06/2026
Македонија

Топлотен бран во Македонија, ИЈЗ издаде препораки за заштита

29/06/2026
Македонија

Нормализиран сообраќајот кон Меѓународниот аеродром Скопје

29/06/2026
Македонија

Во среда последно збогум за Владо Јаневски на гробиштата во

29/06/2026
Македонија

Трагедија во Карпош: 58-годишен скопјанец пронајден мртов во базен во

29/06/2026
Македонија

UNCTAD: Критичните минерали ќе ја обликуваат идната економија, Иловица останува

29/06/2026
Македонија

Николоски: Следува целосна трансформација на железницата, ќе се набават нови

29/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44024
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy