Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА НЕ НÈ ОСТАВИЈА САМИ НА ПАТОТ КОН ЕУ“ Претседателката се зблагодари за поддршката од двете земји
Македонија

„СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА НЕ НÈ ОСТАВИЈА САМИ НА ПАТОТ КОН ЕУ“ Претседателката се зблагодари за поддршката од двете земји

27/11/2026

AA

Проширувањето на Европската Унија не е само прашање на проширување, туку и безбедносен императив, а напредокот на Црна Гора и Албанија на патот кон членството е важен и за Македонија. Ова го оцени претседателката Гордана Сиљановска Давкова на прес-конференцијата по Самитот на Процесот Брдо-Бриони во Охрид.

Таа истакна дека се забележуваат промени во односот на Европската Унија кон Западен Балкан, посочувајќи ја комуникацијата на Европската комисија за проширувањето како значаен исчекор.

– Многупати сум рекла дека од 2003 година, односно од Солунскиот самит, не гледав јасна стратегија ниту чекори за нашето напредување. Меѓутоа, сега кога ја имаме пред себе комуникацијата на Европската комисија за проширувањето, гледаме голем исчекор – рече Сиљановска Давкова.

Осврнувајќи се на евроинтеграцискиот напредок во регионот, таа рече дека Црна Гора е пред портите на Брисел, а Албанија бележи напредок.

– Напредокот го сметам за важен, бидејќи по 2013 година речиси немаше отворена порта за нас. Ова значи исчекор и мислам дека нивното напредување е и наше напредување – истакна претседателката.

Во однос на македонскиот евроинтеграциски пат, Сиљановска-Давкова рече дека земјата се соочува со сериозен проблем поради билатералните прашања, кои, како што нагласи, не се поврзани со копенхашките критериуми и не значат европеизација, туку се спротивни на принципите и вредностите утврдени во европските конститутивни акти.

Таа посочи дека постепеното членство не го смета за замена за полноправното членство, но оцени дека во процесот постојат чекори што се инспиративни.

Говорејќи за значењето на Процесот Брдо-Бриони, претседателката го оцени како една од најдобрите и најинспиративните регионални иницијативи, нагласувајќи ја важноста на меѓусебното слушање, разбирање и поддршка.

– Географијата сакала да живееме едни до други и регионалниот напредок е многу важен не само за регионот, туку и за самата Европска Унија – рече таа.

Како еден од клучните аргументи за проширувањето, Сиљановска Давкова ја посочи геополитичката положба на регионот и потребата Европската Унија да ја зајакне својата улога на глобалната политичка сцена.

– Проширувањето не е само прашање на проширување, туку е безбедносен императив. Ако Европската Унија сака да биде фактор на глобалната комплицирана политичка сцена, мора да сфати дека треба да биде и геополитичка унија, односно дека без таканаречениот Западен Балкан ќе остави геополитички вакуум, а во политиката никогаш не постои вакуум – нагласи Сиљановска Давкова.

Таа посочи и на потребата од зајакнување на транспортните, енергетските и дигиталните врски во регионот, оценувајќи дека тие ќе придонесат земјите да станат посилни. Меѓу предлозите што ги изнела на самитот е и поголемо вклучување на младите во решавањето на регионалните проблеми, наместо иднината да им биде оставена само ним.

– Наместо иднината да им ја оставаме на младите, треба да ги вклучиме во решавањето на проблемите, зашто тие можат да донесат нова енергија во рамките на Процесот Брдо-Бриони – рече претседателката, додавајќи дека нејзиниот предлог наишол на разбирање.

Сиљановска Давкова изрази благодарност до Словенија и Хрватска за поддршката што им ја даваат на земјите од Западен Балкан на патот кон Европската Унија. Таа нагласи дека двете земји можеле само да ги охрабруваат кандидатите, но наместо тоа понудиле заедничко патување и застапување на интересите на регионот.

– Словенија и Хрватска можеа да речат дека стигнале во Брисел и можат да нè охрабрат на нашиот пат кон Брисел. Не го сторија тоа, туку понудија заедно да патуваме, да бидат нашиот глас, да нè поддржуваат, научените лекции да ни ги презентираат и јас никогаш нема да го заборавам ова – рече Сиљановска Давкова.

Таа оцени дека на самитот имало отворена размена на мислења и разбирање дури и кога биле изразувани различни ставови.

Одговарајќи на прашањето дали добила јасно ветување од Словенија и Хрватска дека ќе застанат на македонска страна во спорот со Бугарија, Сиљановска Давкова рече дека не побарала таква директна поддршка, но дека двете земји постојано ја искажуваат својата поддршка за Македонија.

– Зборувавме за потребата од дебилатерализација, особено кога станува збор за идентитетски прашања. Поддршката на обете држави е јасна и во Процесот Брдо-Бриони, но и денеска, секаде и секогаш тие велат дека стојат зад нас – рече претседателката.

Таа посочи дека принципите содржани во декларацијата усвоена на самитот се однесуваат и на односите со соседите и на билатералните прашања. Додаде дека, според неа, меѓу учесниците постои консензус за принципите и вредностите поврзани со проширувањето на ЕУ.

Одговарајќи на прашањето за односите меѓу Македонија и Србија, Сиљановска Давкова оцени дека тие традиционално се добри и изрази очекување дополнително да се унапредат. Таа рече дека меѓу двете држави нема нерешени проблеми, посочувајќи дека моделот на демократија е внатрешно прашање на секоја земја.

– Традиционално, српско-македонските односи се добри. Очекувам да станат уште подобри. Мислам дека нема нерешени проблеми меѓу нас, ниту сме се соочувале со нив. Моделот на демократија е внатрешно прашање на секоја држава – рече претседателката.

Таа му се заблагодари на претседателот на Народното собрание на Србија и вршител на должноста претседател на државата, Чупиќ, за присуството на самитот во Охрид, оценувајќи дека со неговото доаѓање е покажано значењето на регионалната соработка.

– Замислете, тој му даде предност на Охрид пред Брисел и дојде во Охрид, бидејќи регионалниот амбиент е многу важен. Ние не можеме да исчекориме кон ЕУ доколку не градиме регионално разбирање – рече Сиљановска Давкова.

Таа изрази очекување дека по завршувањето на формирањето на државните органи во Србија ќе се создадат услови за продлабочување на меѓудржавната комуникација и односите, особено меѓу граѓаните, преку препознавање на заедничките интереси и заемно разбирање.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

„СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА НЕ НÈ ОСТАВИЈА САМИ НА ПАТОТ КОН

27/11/2026
Македонија

ПО РАСПРАВИЈА ПРЕКУ АПЛИКАЦИЈА СЕ СРЕТНАЛЕ НА ОБИКОЛНИЦАТА, ПА ПУКАЛ

27/11/2026
Македонија

„БАБА НАДЕ“ НЕ Е „БАБА НАДЕ“ КАКВА ШТО МИСЛИТЕ! Немало

27/11/2026
Македонија

ПОЧНА АКЦИЈАТА ЗА КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА Седум институции треба

27/11/2026
Македонија

ИЗБЕЗУМЕН КУМАНОВЕЦ ТРГНАЛ ДА ЈА ЗАПАЛИ СВОЈАТА ЌЕРКА СОСЕ КУЌА!?

27/11/2026
Македонија

СЕ РОДИЛЕ 4.160 БЕБИЊА, А УМРЕЛЕ 4.807 ЛИЦА Негативен природен

27/11/2026
Македонија

САРА ДОЈДЕ ПО ПРАВДА СО МОДРИЦИ НА ЛИЦЕТО Корабоски не

27/11/2026
Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ИНЦИДЕНТИ НА ПРОСЛАВИТЕ НА ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО

27/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46964
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО РАСПРАВИЈА ПРЕКУ АПЛИКАЦИЈА СЕ СРЕТНАЛЕ НА ОБИКОЛНИЦАТА, ПА ПУКАЛ ВО ШКРИЈЕЉ Обвинителството бара притвор

27/11/2026

Расправија преку телефонска апликација, средба на скопската обиколница и еден истрел што завршил фатално – ова е реконструкцијата на убиството

„БАБА НАДЕ“ НЕ Е „БАБА НАДЕ“ КАКВА ШТО МИСЛИТЕ! Немало забошотување сообраќајка, туку погрешно сфатена

27/11/2026

Мајка од Скопје обвини полициски службеници дека прикриле сообраќајна незгода во која нејзиниот малолетен син бил удрен од автомобил на

ПОЧНА АКЦИЈАТА ЗА КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА Седум институции треба да го решат проблемот

27/11/2026

Институциите почнаа со оперативното спроведување на Акцискиот план за заловување и згрижување на говедата што неконтролирано се движат низ Крива

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy