САРА ДОЈДЕ ПО ПРАВДА СО МОДРИЦИ НА ЛИЦЕТО Корабоски не се појави, побара изземање на судии и обвинители
Судењето за случајот со претепаната Сара Ѓорѓиевска денеска не започна во Основниот суд во Охрид. Обвинетиот Кристијан Корабоски не се појави во Основниот суд во Охрид иако неговите родители беа присутни.
Претепаната Сара Ѓорѓиеска дојде во судот со сè уште видливи модрици на лицето, пренесуваат медумите.
Обвинетиот Коробаски преку свој адвокат побарал изземање на обвинители и на судии.
Барањето за изземањето на судиите Александра Поп Стефани и на Милчо Клишески било одбиено, додека за останатите барања треба да одлучат други институции.
Следното рочиште е закажано за 1 декември. Постапката зависи од одлуките за изземање.
За изземање на јавниот обвинител во предметот треба да одлучи надлежниот виш јавен обвинител, додека за изземањето на претседателот на Основниот суд во Охрид, Бојан Мартиноски, треба да одлучи претседателот на Апелациониот суд во Битола.
Адвокатот на оштетената Сара Ѓорѓиевска оцени дека обвинетиот Корабоски се обидува да го одолговлекува процесот и да избегне одговорност.
– Оштетената Сара не ја прашаа дали може да биде присутна, ние инсистиравме да биде, бидејќи правда мора да има. Нас ни кажаа дека обвинетиот е во притворското одделение, но не го видов – посочи адвокатот Ѓоко Шајн.
На рочиштето присуствуваше еден од двајцата најавени сведоци. За отсуството на другиот беше приложена медицинска потврда.
ОЈО Охрид поднесе обвинение против Христијан К. за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.
Случајот предизвика силни реакции во јавноста, а беа организирани и протести против семејното и родово базираното насилството во општетството.
.
Извор: plusinfo.mk