СЕ РОДИЛЕ 4.160 БЕБИЊА, А УМРЕЛЕ 4.807 ЛИЦА Негативен природен прираст и во третото тримесечје
Во третото тримесечје од 2026 година во Македонија се родени 4.160 живородени деца, а бројката е помала за 4,8 проценти во споредба со истиот период лани.
Во истиот период, односно во јули, август и во септември, починале 4.807 лица, што е за 0,1 процент повеќе во однос на третото тримесечје од 2025 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Природниот прираст и натаму е негативен. Бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица за 647.
Од вкупниот број починати, 19 се доенчиња.
Во периодот јули-септември годинава се склучени 3.524 бракови, што претставува зголемување за 0,5 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Во третото тримесечје се регистрирани и 397 разведени бракови.
.
Извор: plusinfo.mk