Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Тоа што вчера се случи беше резултат на хулигани и луѓе кои немаат никаква врска со спортот
Македонија

Ковачевски: Тоа што вчера се случи беше резултат на хулигани и луѓе кои немаат никаква врска со спортот

28/07/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање дали е примена дипломатска нота од Бугарија по вчерашните случувања пред фудбалскиот натпревар Шкупи-Левски, рече дека Министерството за надворешни работи е тоа коешто ги прима нотите и дека соодветно ќе биде одговорено.

– Тоа што вчера се случи беше резултат на хулигани и луѓе кои немаат никаква врска со спортот и од едната и од другата страна. Министерството за надворешни работи ги прима нотите и соодветно ќе одговори на бугарската нота, изјави Ковачевски.

Според премиерот, фудбалот и кој било друг спорт треба да се остави на спортистите и на вистинските навивачи, не на хулиганите.

-Ако ги погледнете вестите на агрегаторите на вести, тогаш ќе видите се, освен колку бил резултатот на натпреварот. А, фудбалерите се дојдени да играат фудбал, заради вистинските навивачи. Тоа што вчера се случи беше уште еден доказ дека фудбалот и кој било друг спорт треба да се остави на спортистите и на вистинските навивачи, а не на хулигани кои потоа ги има на сите вести. Никој не зборува кој фудбалер како играл, туку сите зборуваат кои се тие хулигани кои се тепале меѓу себе, а повредиле и полицаец, на кој благодарение на докторите, повредата му е санирана и е пуштен на домашно лекување, рече Ковачевски, кој присуствуваше на поставување камен темелник на Полициската станица од општа надлежност Аеродром.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy