Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Народна банка: Каматната стапка е непроменета – зголемени ризици за монетарно затегнување
Македонија

Народна банка: Каматната стапка е непроменета – зголемени ризици за монетарно затегнување

05/05/2026

AA

На 5 мај 2026 година се одржа редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На оваа седница, Извршниот одбор донесе одлука за задржување на основната каматна стапка на нивото од 4%. Одлуката за монетарната политика беше донесена во услови на исклучително зголемена глобална непредвидливост и потреба од дополнителни информации за поцелосно согледување на ефектите врз домашната економија. Во прилог на ваквата поставеност се и досегашните измени кај останатите инструменти – задолжителната резерва и макропрудентните мерки кои се насочени кон одржување на стабилноста на девизниот курс и инфлацијата и ублажување на кредитните услови. На последниот состанок за монетарната политика ЕЦБ, исто така, ги задржа каматните стапки непроменети.

Одолжувањето на конфликтот на Блискиот Исток доведе до нарушување на снабдувањето со нафта во светот и натамошно одржување на цените на нафтата на светските пазари на високо ниво. Во следниот период, како и досега, внимателно ќе се следат глобалните случувања, нивниот одраз врз домашната економија, а особено врз девизниот пазар и нивото на цените. Доколку инфлацијата се задржи на повисоко ниво и делува на инфлациските очекувања, а побарувачката на девизниот пазар продолжи да расте и во следниов период, Народната банка ќе реагира со зголемување на каматната стапка.  

Во однос на тековните движења во економијата, во првиот квартал од 2026 година, просечната годишна стапка на инфлација забави на 3,7% (од 4,2% во претходниот квартал), главно како резултат на послабите притисоци од базичната компонента којашто се сведе на 3,3%. Остварувањата кај инфлацијата се малку повисоки од проекцијата, што заедно со повисоките увозни цени споредено со досегашните оцени, создаваат изразени нагорни ризици за досегашната проектирана динамика на инфлацијата. Имено, и покрај тековните оцени за кусо и ограничено времетраење на конфликтот, најновите проекции за берзанските цени на примарните производи на енергенсите и храната за следниот период се променети поизразено во нагорна насока. Ова, заедно со зголемената неизвесност и променливоста на пазарите поврзани главно со интензитетот и времетраењето на војната на Блискиот Исток, како и со силината на индиректните и секундарните ефекти, упатува на зголемени ризици и потреба од внимателност.

На крајот на март 2026 година, нивото на девизните резерви изнесува 5.249,4 милиони евра и е повисоко во однос на крајот на 2025 година, што го одразува задолжувањето на државата на меѓународниот пазар. Од почетокот на годината, Народната банка активно е присутна на девизниот пазар, со цел задоволување на зголемените потреби од девизна ликвидност на економските субјекти. Во следниот период, влошените изгледи за глобалната економија и нашите клучни трговски партнери, како и растот на цените на енергенсите, создаваат поголеми ризици за надворешната позиција на економијата. Сепак, според сите досегашни оцени, девизните резерви остануваат во сигурната зона, поддржани од приватните финансиски текови и задолжувањето на државата на меѓународниот пазар.

Во четвртиот квартал од 2025 година домашната економија ја задржа динамиката на реален годишен раст од 3,8% и покрај неизвесното и променливо надворешно окружување. Расположливите високофреквентни податоци за првиот квартал од 2026 година упатуваат на понатамошен, но поумерен раст на економската активност. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие се претежно надолни и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување. Во однос на домашното окружување, обемот и динамиката на остварување на домашните инфраструктурни проекти претставуваат едни од главните фактори за темпото на идниот економски раст.

Во монетарниот сектор продолжуваат солидните движења. Податоците за депозитите и кредитите во март 2026 година упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките и солиден раст на кредитната активност, со динамика која е над очекувањата за првиот квартал од годината.

Општо земено, Народната банка продолжува со внимателен пристап во водењето на монетарната политика, во согласност со најновите макроекономски движења и тековните проценки на ризиците. Надворешните ризици остануваат изразени, имајќи ја предвид неизвесноста околу понатамошниот развој на ситуацијата на Блискиот Исток. Истовремено, се следат и домашните фактори коишто влијаат врз доходот и побарувачката. Народната банка внимателно ги следи сите случувања и редовно ги оценува ризиците од можните ефекти врз домашната економија. останувајќи подготвена да ги искористи сите расположливи инструменти и да презема соодветни мерки за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО

09/10/2026
Македонија

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал

09/10/2026
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА

09/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО

09/10/2026
Македонија

ПЕТ-ЦЕНТАРОТ ЌЕ РАБОТИ ВО ВИКЕНДИ И НА ПРАЗНИЦИ Целта е

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46085
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО УНЕСКО Македонија, Грција и Албанија

09/10/2026

Преспанскиот Регион би можел да се најде на Листата на светското наследство на УНЕСКО, откако Македонија, Грција и Албанија се

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал до партиска функција благодарение на

09/10/2026

Внукот на поранешната обвинителка Вилма Русковска, Герасим Лазов, се најде на удар на ВМРО-ДПМНЕ откако јавно ги критикувал состојбите во

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА Постројката на HELLENiQ ENERGY ќе

09/10/2026

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy