Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерката Божиновска од Баку – „Реновирање на јавните објекти – приоритет за енергетска одржливост“
Економија

Министерката Божиновска од Баку – „Реновирање на јавните објекти – приоритет за енергетска одржливост“

12/11/2024

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања
Божиновска, се обрати на панел-дискусијата „Патот кон нула-енергетски згради во
поширокиот Балкански регион“, која се одржува во рамки на климатскиот самит
COP29 во Баку, Азербејџан. Настанот е посветен на можностите што ги нуди
енергетската ефикасност како клучен двигател за одржлив економски раст и зајакнување
на енергетската сигурност во регионот.

Божиновска ги претстави напорите на Република Македонија за подобрување на
енергетската ефикасност, особено во градежниот сектор. Таа ја нагласи важноста
на иницијативата за нула-енергетски згради (NZEBs) како основен чекор за
регионот во транзицијата кон нискојаглеродна иднина. Според неа, неодамнешниот
UNDP патоказ за регионот нагласува дека достигнувањето на NZEB стандарди е и
технички и политички предизвик кој бара итно решавање.

Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна:

„Нашиот регион, Балканот, се наоѓа на критичен пресврт. Со застарена
енергетска инфраструктура и значителна зависност од увезени фосилни горива, се
соочуваме со опипливи последици од климатските промени: зголемени температури,
зголемена енергетска сиромаштија и притисок врз локалните економии и заедници.
Градежниот сектор, кој учествува со над 40% од вкупната потрошувачка на
енергија во регионот, во истовреме претставува и предизвик и извонредна можност
за трансформативни промени. Усогласувањето со Европската Унија преку
Директивата за енергетски перформанси на зградите е од витално значење за
нашата интеграција со зелената транзиција на Европа и за енергетска отпорност.
За многумина во регионот, почетните трошоци за енергетски ефикасни технологии
остануваат значителна бариера, додека недостигот од хармонизирани стандарди и
механизми за спроведување на NZEB претставува дополнителен предизвик. Иако е
постигнат значителен напредок, за да се постигне целосна усогласеност со NZEB
стандардите, потребно е да се зајакнат регулаторните рамки и да се воспостават
поцврсти институционални механизми.“ истакна Божиновска.

Министерката Божиновска нагласи дека за Македонија, зголемувањето на
енергетската ефикасност во градежниот сектор е еден од највисоките приоритети
на националната климатска агенда и иако Македонија го постигна своето
национално ниво од 30,5% за користење на обновливи извори на греење и ладење,
преостанува потреба за насочени технолошки надградби за да се намали употребата
на застарени системи со биомаса.

Министерката ги нагласи заложбите на Република Северна Македонија во
насока на подобрување на енергетската ефикасност преку Законот за енергетска
ефикасност, кој налага развој на долгорочна стратегија за реновирање на
зградите во период од најмалку десет години.

„Нашиот пристап вклучува нови градби и реновирање на постојниот градежен
фонд. Според Законот за енергетска ефикасност, обврзани сме да развиеме
стратегија за реновирање на згради со најмалку десетгодишен период. Оваа
стратегија бара годишно реновирање на најмалку 1% од вкупната површина на јавни
згради, со што се обезбедува усогласеност со минималните стандарди за
енергетска ефикасност.“

Остварувањето на овие цели, како што посочи министерката, зависи од
целосната операционализација на Фондот за енергетска ефикасност, кој е клучен
за финансирање на NZEB проекти и реновирање.

„Целосната операционализација на Фондот за енергетска ефикасност е
приоритет за остварување на амбициите на Македонија во однос на NZEB. Веруваме
дека овој фонд ќе игра клучна улога во финансирањето на долгорочната стратегија
за реновирање, особено за реновирање на јавни и станбени објекти со цел да се
постигнат подобри енергетски перформанси. Македонија останува решена да ја
зголеми енергетската ефикасност како клучен столб на својата климатска
стратегија. Преку регионални и меѓународни соработки, активно работиме на
исполнување на целите поставени во Патоказот на UNDP и Парискиот договор. Со
зајакнување на енергетските перформанси на градежниот сектор, придонесуваме кон
економски бенефит, енергетска сигурност и почиста животна средина.“ заврши
министерката.

Самитот COP29, кој се одржува од 10 до 15 ноември, ги обединува светските
лидери, експерти и претставници на влади со цел да ги засилат глобалните акции
за климатска заштита. Присуството на министерката Божиновска и нејзиното
учество на панелот ја демонстрира посветеноста на Македонија кон заедничките
цели за одржлива и нискојаглеродна иднина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МВР ГО УАПСИ ЕКС ПРТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ МЕТИ СЕЈДИНИ Проневерил

23/04/2026
Македонија

СВЕДОЦИТЕ ОПИШУВААТ РЕАЛНА СЛИКА НА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ, САМО НЕМА

23/04/2026
Македонија

ЕВРОПА МОРА ДА НОСИ ОДЛУКИ И ДА ВОДИ, НЕ ДА

23/04/2026
Македонија

🎥 НЕ ГИ НОСЕТЕ ПОТВРДИТЕ ЗА ПЛАТЕНИ КАЗНИ ОД „СЕЈФ

23/04/2026
Македонија

И младата Теона доби бронзен медал на Менделеевата олимпијада

22/04/2026
Македонија

ДУИ САКА ДА ГО КОЧИ ДЕМОКРАТСКИОТ РАЗВОЈ И ДА ИЗБЕГНЕ

22/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НА КРИВО НАСАДЕН Успеа да се скара и со

22/04/2026
Македонија

„Крстов Дол“ го подели СДСМ: Партијата бара референдум, градоначалникот Митовски

22/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42782
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МВР ГО УАПСИ ЕКС ПРТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ МЕТИ СЕЈДИНИ Проневерил 700.000 евра

23/04/2026

Уапсен Мухамед Мети Сејдини, екс претседател на ФФМ. Првично се сомничи за проневера на 700.000 евра пари од УЕФА доделени

СВЕДОЦИТЕ ОПИШУВААТ РЕАЛНА СЛИКА НА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ, САМО НЕМА КОЈ ДА ГИ СЛУШНЕ Гледа

23/04/2026

Судењето за пожарoт во дискотеката „Пулс“ во Кочани влегува во фаза во која не само стручната јавност, туку и сите

ЕВРОПА МОРА ДА НОСИ ОДЛУКИ И ДА ВОДИ, НЕ ДА СЕ ПРИЛАГОДУВА Ни треба заедничка

23/04/2026

Има моменти кога Европа мора да избере: дали ќе реагира или ќе води, денес сме токму во таков момент, порача

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy