Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“
Економија

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

16/01/2025

AA

Во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“, гостин на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески му е Аријана Коскарова, претприемач, коосновач на „Креатив хаб“, академија за дигитални вештини со седиште на 3 пазари (Македонија, Косово и Мајами, САД), и добитник на Наградата на „Форбс 30 под 30“ за Европа во категоријата социјално претприемништво, која се доделува на млади луѓе кои преку своите бизнис–идеи прават општествено добро.Во разговорот со м-р Аријана Коскарова сеправи паралела на македонското и на американското претприемништво и се изнесуваат факти за претприемништвото и за развојот на бизнис-моделите, но од друга перспектива, односно со користење грантови за едукацијакои ќе понудат поквалитетно образование и поврзување со професионалци од индустријата.

Со својот бизнис во Америка, м-р Коскарова истакнува дека целта на САД е градење на Америка како силна економска држава преку вложување во бизниси и во нови инвестиции. Според неа, Америка има многу практики за развој на државата кои можат да бидат пример за развој и на нашата држава. Таа прави паралела на постоењето на  економските зони кај нас и во Америка.

„Ако ти си бизнисмен кој сака да вложи сериозни пари, ти даваат можност да вложиш во економските зони.Целта е економските зони во Америка да се направат како градови и да не бидат сите сегментирани во градот Мајами, па затоа ако бизнисите вложат таму, имаат придобивки од аспект на данокот, што за Америка е многу битно“, истакна Коскарова.

М-р Коскарова магистрирала на Интернационалниот универзитет во Монако и имала можност да работи во Шангај, Њујорк, Мајами и на Бали, каде што се здобила со искуство и со работна дисциплина. Иако живеела во повеќе држави надвор од Македонија, во 2017 година одлучила да вложи во својата земја со отворањето на Академијата „Креатив хаб“ во Скопје. Аријана е една од коосновачите на Академијата, која во 2022 година се проширува и во Приштина и во Мајами.

Нејзината бизнис-приказна во Мајами, САД, започнува во 2022 година со добивањето на визата од САД за лице со извонредни способности. Една година чека за лиценца за акредитација на Академијата, а во 2024 година започнала со работа. Во моментов има добиено два гранта – едниот од Министерството за економија на САД за обука на невработени лица од Америка со вештини од областа на вештачката интелигенција, а вториот грант е од Градот Мајами.

Во разговорот со претседателот Азески, Коскарова истакнува дека за развој на претприемништвото во Америка се важни три сегменти: 1) искуство како да се развива  бизнисот; 2) едукација, па затоа стратешки приоритет на Америка е преку бесплатни обуки да го оспособи народот со вештини со кои ќе бидат компетентни на пазарот на трудот, а тоа во моментов се вештините за вештачка интелигенција, и 3) инвестиција, која ја добиваат преку стимулативни мерки за инвестирање.

М-р Коскарова потенцираше дека во Америка се нудат многу можности за отворање бизниси. Општината (конкретно во Мајами, каде што живее) многу им помага на бизнисите со тоа што им нуди разни грантови за отворање бизнис преку Агенцијата отворена за таа намена, а истовремено им помага и во поврзувањето преку промоција и видливост на компаниите.

Во подкастот фокусот беше ставен и на младата американска популација. М-р Коскарова истакна дека кога станува збор за младата американска популација во американското општество, важни се две работи: 1) дали си Американец или дојден од друга држава и 2) дали имаш вештини или не. Лицата дојдени од други држави кои немаат вештини се роб на општеството, бидејќи работат ниско платени работи. Но на младите Американци им се нудат многу можности. Тие имаат добро и квалитетно бесплатно образование и им се нудат грантови за нови стартапи, за бизниси и за акцелератори. Но и на лицата кои имаат вештини, а кои се дојдени од други држави многу им се помага во развивањето на бизнисот, особено во научноистражувачката дејност.

Како младо лице, покрај на Наградата на „Форбс 30 под 30“, м-р Аријана Коскарова е добитник и на Наградата за жена претприемач во Давос за време на Светскиот економски форум.

Целиот разговор на линкот.

https://youtu.be/bvk5jL7rIow?si=4Ost4FklhoQMsliN

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските

01/09/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците,

01/09/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете

01/09/2026
Македонија

Кој ќе одговара за хаосот во Маџир Маало? Две бомби

01/09/2026
Македонија

Обвинителството објави прислушувани разговори за судијата Ѓоко Ристов

01/09/2026
Македонија

ПОСЛЕ ТРИ ДЕЦЕНИИ: Повторно отворено Средното полициско училиште „7 Мај“,

01/09/2026
Македонија

5 активни пожари низ Македонија

01/09/2026
Македонија

29-годишен Охриѓанец приведен во Струга, бил затекнат во автомобил како

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45385
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските ѕвезди

01/09/2026

Светски познатиот тенор Хозе Карерас настапи вечерва во Скопје, на плоштадот Македонија, во срцето на главниот град, по повод одбележувањето на 35 години

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците, огнот се шири кон Серта

01/09/2026

Силниот ветер попладнево го разгоре пожарот во близина на штипското село Селце, ставајќи под директна закана голем број викендици во

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете и возрасен, во нападот учествувал

01/09/2026

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 19 години за кое

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy