Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ливерпул го разнесе Челси, ама доби и нова млада ѕвезда (ВИДЕО)
Спорт

Ливерпул го разнесе Челси, ама доби и нова млада ѕвезда (ВИДЕО)

31/01/2024

AA

Исто како Манчестер Сити, Ливерпул ја оствари четвртата победа во низа откако вечерва на домашен терен славеше во дуелот со Челси со 4-1.

Со тоа, „црвените“ ја задржаа предноста во однос на ривалите, но убедливата победа не е единствена работа која предизвика задоволство кај навивачите. Апсолутен херој на мечот беше 20-годишниот репрезентативец на Северна Ирска, Конор Бредли кој беше прогласен за играч на натпреварот поради своето фантастично издание.

Бредли дебитираше во Премиер лигата во претходното коло против Борнмут, а денеска покрај своето име запиша еден гол и две асистенции. Учествуваше во постигнувањето на првите три гола, при првиот последен додаде до Жота (Португалецот потоа сам ја заврши работата, но на Бредли му се бележи асистенција), вториот го постигна, а при третиот му асистираше на Соболсаи за 3-0. Во 68. минута беше повлечен од игра со громогласен аплауз од трибините, а по неговото излегување Нкунку му даде надеж на Челси и Диаз го постави конечниот резултат.

Денешниот натпревар ќе остане и во сеќавањето на Јирген Клоп кој стана седмиот тренер во историјата на Премиер лигата кој ја достигнал бројката од 200 победи во ова натпреварување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy