Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кралското семејство го остави Хари на цедило? Што треба да направи Чарлс сега?
Македонија

Кралското семејство го остави Хари на цедило? Што треба да направи Чарлс сега?

21/04/2024

AA

Кралицата Елизабета била мудра жена и кога морала да преземе решителен чекор, го направила тоа. Еден пример беше кога таа одлучи дека на војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган Маркл, не може да им се дозволи да ги мешаат кралските должности со животот во странство. Таа дури и ги игнорираше напорите на принцот Хари да ја убеди во спротивното. „Дејли мејл“ носи детали за врската меѓу кралицата Елизабета и нејзиниот внук принцот Хари.

Во своите мемоари, The Reserve, Хари им објасни на читателите како кралицата не зазеде цврст став и не ги бранеше нејзиниот внук и Меган Маркл поради несогласувањата и заладените односи што парот ги имаше со другите членови на кралското семејство. Сепак, „Дејли мејл“ истакнува дека кралицата Елизабета точно знаела што прави и зошто, па сега на ред е кралот Чарлс, кој исто како и неговата мајка треба да заземе став во однос на синот и снаата.

Како што стојат работите, принцот Хари, кој живее во Калифорнија, сè уште може да биде повикан да застане за својот татко во некои ситуации, бидејќи тој сè уште е државен советник. Во прилог на ова, треба да се потсети дека принцот Хари официјално ги наведе Соединетите Американски Држави како негова примарна резиденција во четвртокот.

Тоа претставува остар пресврт за Хари, кој откако ја објави својата одлука да се повлече од кралските должности во 2020 година, рече: „Велика Британија е мојот дом и место што го сакам. Тоа никогаш нема да се промени“. Некои британски аналитичари сметаат дека одлуката за останување е поради зголемениот притисок од Америка.

Имено, неговата виза е на разгледување од страна на судот, бидејќи тој во своите мемоари признал дека користел разни психоделици и дроги. Бидејќи ова се информациите што апликантите мора да ги дадат кога аплицираат за виза, се претпоставува дека Хари не бил искрен.

Сепак, американската амбасадорка во Лондон, Џејн Хартли, изјави дека Хари нема да биде депортиран се додека претседател на Соединетите Американски Држави е демократот Џозеф Бајден.

Меѓутоа, ова на принцот му покренува други прашања, а притоа и сериозни. Ако Америка е навистина неговиот дом, како може принцот Хари сè уште да биде државен советник во Велика Британија, односно еден од седумте членови на кралското семејство кои можат да застанат за монархот ако е во странство или ако е болен.

Според законот, државните советници мора да живеат во ОК, но Хари нема дом тука откако кралот Чарлс побара од војводата и војвотката од Сасекс да го напуштат замокот Фрогмор, кој кралицата Елизабета им го подари на Хари и Меган.

До 2022 година државните советници беа кралицата Камила, принцот Вилијам, Хари, принцот Ендру и неговата постара ќерка принцезата Беатрис. Кралот Чарлс побара од парламентот да ги додаде неговата сестра, принцезата Ана и најмладиот брат, принцот Едвард, на листата.

Медиумите објавија дека кралот одлучил да не ги отстрани Хари и Ендру од споменатата листа, бидејќи не сакал да ги продлабочува заладените семејни односи и верувал дека е малку веројатно дека некој од нив некогаш ќе може да го замени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АНБ: Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во

01/05/2026
Македонија

Уапсени седум возачи, петмина возеле без дозвола

01/05/2026
Македонија

Уапсени три лица – вкупно четири пријави за семејно насилство

01/05/2026
Македонија

Во водите на Преспанско езеро пронајдена граната!

01/05/2026
Македонија

74-годишен пензионер нападнал дете во маркет во Штип

01/05/2026
Македонија

Мицкоски: Субјекти користат повластени цени и вршат реекспорт на бензинот

01/05/2026
Македонија

Кривична пријава против Костадин Костадинов и уште четири лица за

01/05/2026
Македонија

„За плата се бориме, не се молиме“: ССМ со масовен

01/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43011
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy