Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕРМАНИЈА ГО СТЕГНУВА ПОЈАСОТ – МОРА ДА СЕ ШТЕДИ! Протести низ земјава, а економијата во хаос, 2-ри февруари се очекува на иглички!
Македонија

ГЕРМАНИЈА ГО СТЕГНУВА ПОЈАСОТ – МОРА ДА СЕ ШТЕДИ! Протести низ земјава, а економијата во хаос, 2-ри февруари се очекува на иглички!

09/01/2024

AA

Германија ќе мора да заштеди во 2024 година: и покрај протестите, субвенциите за дизелот за земјоделците постепено се укинуваат.

Германската федерална влада постигна договор за дополнителни мерки за штедење за намалување на трошоците од федералниот буџет за 2024 година. Предлог-законот за буџетско финансирање, меѓу другото, вклучува и контроверзно намалување на субвенциите за дизелот за земјоделците, повисоки даноци за авиосообраќајот и построги санкции за социјална помош за невработените, пишува Дојче веле. Овие мерки за штедење се неопходни бидејќи, според претходната одлука на Сојузниот уставен суд, владата мора да закрпи дупка од околу 30 милијарди во буџетот, како и во Фондот за клима и трансформација.

И покрај протестите, субвенциите за дизелот се отстранети

Цените на авио билетите ќе бидат зголемени од мај. Во зависност од крајната цел на патувањето, тие треба да се зголемат за речиси една петтина – на 15,53 до 70,83 евра по патник. На сите патници кои заминуваат од германските аеродроми ќе им се наплаќа такса на билети. Авиокомпаниите ќе треба да им платат, но овој товар ќе можат да го пренесат на патникот. Врз основа на оваа промена, владата во Берлин годинава очекува дополнителен приход од околу 400 милиони евра.

А Владата остана на одлуката за спорното намалување на субвенциите во земјоделството – и покрај протестите на земјоделците. Станува збор за постепено укинување на даночните кредити за дизелот. Тоа е посебен придонес за намалување на субвенциите штетни за климата“, се наведува во Предлог-законот. Досега земјоделците можеа да добијат делумен поврат на енергетскиот данок за дизелот, со повраток од 21,48 центи за литар.

Владејачката германска коалиција првично имаше намера веднаш и целосно да ги укине овие поволности, кои постојат од 1951 година. Засегнатите земјоделци и компании од земјоделскиот сектор сега добија повеќе време да се приспособат. Годинава надоместокот ќе се намали за 40 отсто, а во 2025 и 2026 година за дополнителни 30 отсто. Од 2026 година овие субвенции повеќе не треба да постојат. Минатата недела, владејачката коалиција се откажа од првично планираното укинување на даночните олеснувања за земјоделските машини.

Зелено светло за намалување на социјалната помош

Кабинетот даде зелено светло и за планираното намалување на социјалната помош за невработените, т.н. „Бургергелд“. Агенциите за вработување во иднина ќе можат, но најмногу два месеца, да укинуваат надоместоци за оние невработени кои упорно одбиваат секое понудено работно место. Оваа регулатива се очекува да донесе заштеда од околу 170 милиони евра годишно – 150 милиони за федералната влада и 20 милиони за општините. Во исто време, не треба да се укинуваат кириите и помошта за парно.

Дополнително, таканаречениот бонус за социјална помош од 75 евра месечно, кој беше воведен за дообука на невработените, а кој не е наменет за стекнување стручна диплома. Се очекува тоа да донесе дополнителна заштеда од сто милиони евра. Обуката за стекнување професионална диплома ќе продолжи да се поддржува со 150 евра месечно.

Одлука за буџетот најверојатно во февруари
Откако Владата донесе одлука за мерките за штедење, на потег е германскиот парламент. Владата очекува буџетот да биде одобрен во јануари во Бундестагот, а потоа на седница на Бундесратот, советот на германските покраини, на 2 февруари. Дотогаш, таканареченото привремено управување со буџетот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
Македонија

Четири лица починаа од западнонилска треска, во Македонија 38 заболени

19/08/2026
Македонија

Осумгодишно дете повредено од барутни честички било донесено во Комплексот

19/08/2026
Македонија

Пожарот кај Чаниште и натаму активен, Ангелов: Селата засега не

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45122
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy