Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче до работниците: ВМРО-ДПМНЕ го оцрнува секој од вас кој бара достинствена плата
Македонија

Филипче до работниците: ВМРО-ДПМНЕ го оцрнува секој од вас кој бара достинствена плата

11/03/2025

AA

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска се обрати до граѓаните преку својот Фејсбук профил.

„Во моментов, ВМРО-ДПМНЕ се служи со секојдневни оцрнувања на прес конференции за да избега од одговорноста да ви овозможи вам работниците повисоки плати. Сведоци сме на гнасна кампања на ВМРО-ДПМНЕ против секој кој чесно работи, заработува и заслужува достоинствен приход.

ВМРО-ДПМНЕ има проблем со вас работниците, не со синдикатот. Вие со право барате пристојна плата со која може да се живее, а тие смислуваат подмолни приказни за ве обивнат дека сте политички мотивирани.

На ВМРО-ДПМНЕ му пречи секој што бара праведен приход. Праведно и чесно е да се бараат повисоки плати во услови кога ни три минимални плати не се доволни да се покријат основните трошоци за живот. Праведно и чесно е да се бараат повисоки плати кога владата не прави ништо да го спречи ненормалниот раст на цените. Ова не е политичко прашање, но ВМРО-ДПМНЕ сака да го направи токму тоа, партиска пресметка за да избегне од одговорност.

Но, зошто кога беа во опозиција, го поддржуваа синдикатот? Зошто тогаш беа за работниците, а сега се против нив? Одговорот на секој од вас му е јасен – тогаш им беше политички згодно, а сега веќе не сте им потребни.

Ова е битка на ВМРО-ДПМНЕ со која конечно ќе стави крај на сите барања, ќе ве замолчи и ќе ве фрли во апатија. Тоа е целта на овие напади и ништо друго.

СДСМ е доследна по ова прашање. И како власт и како опозиција силно се боревме за правата на граѓаните и за достоинствен живот. И ниедна негативна кампања на лаги на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поништи вистината.

СДСМ ќе продолжи да ги поддржува граѓаните кои бараат достоинствен приход, ќе продолжи да поднесува закони во Собранието и да стои цврсто во заштитата на граѓаните. Попусто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да не замолчи. А не смее да ве замолчи ни вас, работниците.“, вели Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Савески за кочанската трагедија: По изведување на доказите ќе се

25/05/2026
Македонија

Уапсени14 возачи за безобѕирно управување возило, 9 возеле без возачка

25/05/2026
Македонија

Уапсена мајката: Малолетничка со породилни болки донесена на Клинички

25/05/2026
Македонија

ФОТО Хаос на градилиште, се сруши дел од ископот –

25/05/2026
Македонија

Деветгодишно дете нападнато од други малолетници, добил и закани од

25/05/2026
Македонија

Македонското здружение на Србите што демонстрираше поддршка на Вучиќ во

25/05/2026
Македонија

Хорор во кичевско Другово: Ротвајлери нападнале мајка со две малолетни

25/05/2026
Македонија

Љутков: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен

25/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43453
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Савески за кочанската трагедија: По изведување на доказите ќе се добие јасна слика дали правната

25/05/2026

Интервју со републичкиот јавен обвинител за трагедијата во Кочани Републичкиот јавен обвинител, Ненад Савески, во интервју за неделникот „Фокус“ детално

Уапсени14 возачи за безобѕирно управување возило, 9 возеле без возачка дозвола

25/05/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување

Уапсена мајката: Малолетничка со породилни болки донесена на Клинички

25/05/2026

На 24.05.2026 во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy