Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДИРЕКТОРОТ НА НУ „ИСТОРИСКИ МУЗЕЈ“ – КРУШЕВО ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА Се извини што е дозволено да се снима спот во „Македониумот“
Македонија

ДИРЕКТОРОТ НА НУ „ИСТОРИСКИ МУЗЕЈ“ – КРУШЕВО ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА Се извини што е дозволено да се снима спот во „Македониумот“

30/09/2026

AA

Директорот на Националната установа „Историски музеј“ – Крушево, Миха Оџаклиески, денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата, наведувајќи дека одлуката е личен, морален и етички чин и израз на одговорност кон институцијата и кон јавноста.

Оставката на Оџаклиески следува по реакциите во јавоста во врска со снимањето на спотот „Секси мама“ на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на споменикот „Македониум“ во Крушево, кој е заштитено културно наследство на државата.

За случајот денеска се огласи и премиерот Христијан Мицкоски, кој најави дека уште денеска ќе побара разрешување на директорот на Историскиот музеј во Крушево и на членовите на Управниот одбор на оваа институција, кои дозволиле да се изнајми историскиот споменик „Македониум“ за снимање музички спот.

Оџаклиески во оставката наведува дека во конкретниот случај не е прекршен ниту еден закон, правилник или друг акт, ниту е постапено спротивно на која било одлука донесена од Управниот одбор на установата. Според него, станува збор за постапка која била дел од веќе воспоставена и претходно применувана практика во институцијата.

Сепак, како што посочува, раководењето со јавна институција подразбира одговорност која не се исцрпува единствено во почитувањето на законските норми, туку подразбира и високи морални и етички стандарди, особено кога станува збор за довербата на јавноста.

„Иако немало намера за прекршување на закон, правилник или одлука, направен е ненамерен пропуст во проценката на начинот на кој одредена постапка може да биде разбрана од јавноста. За тоа чувствувам морална одговорност и затоа ја поднесувам оставката“, наведува Оџаклиески.

Тој се извини на јавноста за настанатата недоумица и за ненамерниот пропуст, нагласувајќи дека извинувањето го упатува како израз на почит кон граѓаните и кон институцијата на која ѝ служел.

„Националната установа е институција од особено значење за нашата културна и историска меморија. Нејзиниот углед и довербата на јавноста се поголеми од секоја функција и од секој поединец што во определен период ја извршува таа функција“, се наведува во оставката.

Оџаклиески истакнува дека оставката ја поднесува со чиста совест во однос на законската одговорност, но со целосна свест за моралната одговорност што ја носи функцијата директор на јавна установа.

Со овој чин, како што наведува, предност им дава на угледот и интересот на институцијата пред личното задржување на функцијата.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА

30/09/2026
Македонија

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА НИКОЈ НЕМА ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО ЗА КУПУВАЊЕ АВТОМАТИ

30/09/2026
Македонија

ПОСТЕПЕНАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ Е УСЛОВЕНА СО СТРОГИ ПРАВИЛА И

30/09/2026
Македонија

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска

30/09/2026
Македонија

ДИРЕКТОРОТ НА НУ „ИСТОРИСКИ МУЗЕЈ“ – КРУШЕВО ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА

30/09/2026
Македонија

ЃАВОЛОТ ЈА ПЛАТИЛ КАЗНАТА ОД 8.000 ЕВРА ШТО МУ ЈА

30/09/2026
Македонија

ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ, НАШИТЕ АРГУМЕНТИ СЕ ЈАСНИ Мицкоски за

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45894
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА 67 ПАТНИЦИ Паушалните споредби се

30/09/2026

После 14 години Владата обезбеди нови автобуси што ќе помогнат во намалување на загадувањето, решавање на сообраќајниот метеж и подобрување

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска вели дека решението мора да

30/09/2026

Се анализираат и се прават нови пресметки за подобрување на студентскиот стандард – најави денеска министерката за образование и наука

ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА НИКОЈ НЕМА ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО ЗА КУПУВАЊЕ АВТОМАТИ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА Јавната

30/09/2026

Клучна забелешка на одбраната во предметот „Државна лотарија“ е дека компанијата „Касинос Австрија“ има ексклузивитет само за приредување електронски игри

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy