ЃАВОЛОТ ЈА ПЛАТИЛ КАЗНАТА ОД 8.000 ЕВРА ШТО МУ ЈА ОДРЕДИ КРИВИЧНИОТ СУД Адвокатот Стафа бара условен отпуст
Осудениот во случајот „Синџир“ Љупчо Пецов – Ѓаволот, кој беше осуден на условна казна затвор од 2 години на 2 септември ја уплатил паричната казна во износ од 492.000 денари (8.000 евра) и за тоа е известен судот, информираат на брифинг во Основниот кривичен суд Скопје.
Поранешниот државен правобранител, адвокатот Фехми Стафа, кој се спогоди со Обвинителството на казна затвор од една година и три месеци, откако беше обвинет за примање поткуп од 50.000 евра за да влијае кај судија за случајот со Љупчо Пецов – Ѓаволот, сè уште е во затвор на издржување на казната, иако веќе побарал условен отпуст.
Од Кривичен брифираат дека затворската казна на Фехми Стафа требало да му заврши во март 2027 година, а Судот му дозволил еден месец условен отпуст и да се пушти на слобода на 1 февруари. Одлуката, како што инфомираа, е обжалена од страна на осудениот и предметот е пратен во Апелација на 24 септември годинава.
На брифингот во Кривичен информираа за повеќе тековни предемти.
Предметот „Крмзов“ е во фаза на изведување на економско и графолошко вештачење, односно се сослушуваат вештите лица, и со тоа се исцрпува листата на докази предложени од Обвинителството, по што следуваат доказите на обвинетите.
За случајот „Титаник“, кој е еден од постарите предмети за којшто сè уште нема правосилна пресуда, од Кривичен информираа дека предметот е во фаза на изведување на докази, односно сослушување на сведоците на одбраната.
За случајот Трифун Костовски и други, од Кривичен информираат дека Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција поднело обвинение кое автоматски оди во Специјализираното одделение на судот, но е оценето дека ова одделение не е стварно надлежно за тој предмет. По правосилноста на решението, предметот ќе биде распореден во Одделението за кривично, полнолетни.
Специјализираното одделение не е надлежно за овој предмет затоа што обвинителниот акт е за кривични дела Предизвикување на стечај на банки и за Несовесно работење во службата, а овие две кривични дела не се во надлежност на Специјализираното судско одделение, односно не спаѓаат групата на дела од областа на организиран криминал и корупција.
За предметот „Беланоца“ има уште двајца сведоци од Обвинителството и ќе се продолжи со изведување на доказите на одбраната.
Случајот „Онкологија 2“ е во фаза на изведување на докази на одбраната, односно доказите на првоообвинетиот.
За предметот „Талир 1“, како што информираа на брифингот, главната расправа е одложена, со што е пробиен законскиот рок од 90 дена од последното одржано рочиште и случајот ќе мора да почне од почеток.
.
Извор: plusinfo.mk