ЦЕНАТА НА КАКАОТО УРИВА РЕКОРДИ: Стигна и до 10.000 долари
Какаото достигна цена од 10.000 долари.
Толку чини тон на берзите во Лондон и Њујорк, што е највисока цена во историјата. Во Западна Африка, клучната област за производство на какао, забележана е трета последователна лоша жетва, пишува Гардијан.
Гана и Брегот на Слоновата Коска, држави кои заедно сочинуваат повеќе од половина од глобалното производство на какао, се погодени од екстремни временски услови кои дополнително се влошија од климатската криза и феноменот Ел Нињо.
Какаото, кафето, чајот и бананите трпат штети поради климатските промени.
foto freepik.com/moldomcata