Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: На 16 март цените на тестенините и млечните производи ќе бидат според владините одлуки
Македонија

Битиќи: На 16 март цените на тестенините и млечните производи ќе бидат според владините одлуки

14/03/2023

AA

Речиси при крај се анализите кои треба да покажат дали ќе бидат замрзнати цените на шеќерот, јајцата и оризот, соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Владата ќе причека, како што рече Битиќи, анализите да стигнат официјално од Министерството за економија, за да се продискутираат.

Во однос на цените на тестените и млечните производи кои до задутре, 16 март, треба да бидат пониски за 15, односно 10 проценти, Битиќи истакна дека засега намалувањето е многу мало.

-Намалувањето е многу мало, но реакциите се позитивни дека на 16 март сите веќе ќе имаат намалени цените, според она што беше дефинирано. Секако на 16-ти производите ќе стигнат до цената која е зададена, не гледаме дека нема волја од другата страна, напомена Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со претставниците на германското стопанство.

Според вицепремиерот, одлуките за замрзнување на цените не се носат за да се наштети некому, туку за доброто на сите граѓани.

-Секоја мерка се носи за добро на граѓаните. Не сакаме да нанесеме штета со воведување мерки „од денеска за утре“ зашто сме свесни дека одредени суровини се се одредена цена. Затоа дадовме временски период од скоро една недела, за компаниите да потрошат одредени залихи и да почнат со замрзнати, пониски цени. Секоја мерка се носи за доброто на граѓаните, притоа не сакаме да нанесеме штета никому зашто заеднички настапуваме во периодот на криза за да излеземе од неа, нагласи Битиќи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Важно известување за патниците на скопскиот аеродром

21/05/2026
Македонија

„Кога дојдов МРТ немаше сопствена продукција, вестите ги ослободивме…“, рече

21/05/2026
Македонија

Трагедија во Маврово и Ростуше: Маж загина при работа со

21/05/2026
Македонија

Пронајдени 92 кесички прашкаста материја и дигитална вага во затворот

21/05/2026
Македонија

Нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер

21/05/2026
Македонија

Македонската дијаспора во Германија со жалба до Фон дер Лајен

21/05/2026
Македонија

Пет нови авиолинии стартуваат ова лето

21/05/2026
Македонија

Брисел ја награди реформската агенда: Скопје добива нови 65,7 милиони

20/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43383
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Важно известување за патниците на скопскиот аеродром

21/05/2026

Меѓународниот аеродром Скопје ги известува сите патници дека од денеска, 21 мај 2026 година, се одвиваат градежни активности на пунктот

„Кога дојдов МРТ немаше сопствена продукција, вестите ги ослободивме…“, рече новиот директор Ристовски

21/05/2026

Јавниот сервис е паднат на најниско ниво во изминатите 20 години, наоѓајќи се во сериозна хибернација и стагнација. Ова е

Трагедија во Маврово и Ростуше: Маж загина при работа со трактор

21/05/2026

На 20.05.2026 во 14:05 часот во Полициското одделение Ростуше е пријавено дека во с.Скудриње, на место викано „Мустана нива“, бил

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy