Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими: Со комплетираниот состав на Владата подготвени сме за издавање еврообврзница
Македонија

Бесими: Со комплетираниот состав на Владата подготвени сме за издавање еврообврзница

01/03/2023

AA

Кога веќе имаме комплетиран состав на Владата, како што веќе најавив јавно, подготвени сме на повторно издавање еврообврзница со тие услови што ќе важат на пазарот, но со најсоодветна процедура, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Бесими, кој учествува на панелот „Стратегии за одржување на економскиот раст во време на неизвесност“ во рамки на Економскиот форум – Скопје, истакна дека кредибилноста на политиките дава простор повторно да има соодветна побарувачка за нашите хартии од вредност.

– Кредибилноста на политиките дава простор повторно да има соодветна побарувачка за нашите хартии од вредност, односно инвестиции во нашите еврообврзници за кои фискалниот простор е детерминиран. Вкупно 480 милиони евра треба да имаме во првата половина од годината за да ги реализираме овие исплати, а според сите информации и комуникации со инвеститорите, имаме добра позиција на пазарот тоа да го обезбедиме, напомена министерот.

Според него, во услови на последователни кризи, какви што се актуелните во глобални рамки, клучно е политиките да бидат конзистентни, предвиливи, јасни и таргетирани, а фокусот треба да се стави на намалување на трошоците, како и на намалување на ударите врз стопанството и стандардот на граѓаните.

Земјава, подвлече Бесими, мора да даде јасни сигнали дека е цврсто определена да води макроекономски и фискални политики кои ќе значат фискална консолидација, дека оди таргетирано, адресирајќи ги најпогодените, како и дека е во постојано комуникација со засегнатите страни.

Останува определбата, дополни Бесими, преку соодветни програми да се привлечат домашни и странски инвеститори.

-Треба да се водат конзистентни политики, добро да се комуницираат, а мерките што се предлагаат да се направат инклузивно со поинтензивна комуникација со бизнис секторот и другите засегнати чинители. Мерките мора да бидат таргетирани зашто изворите на финансирање ги има се помалку и се се поскапи. Ако во овие околности сме ефектуирани а не можеме да ги менуваме

насоките, може да се фокусираме на намалување на трошоци што поефикасно. Неопходна е и јасна порака до инвеститорите, дека водиме политика на фискална консолидација, конзистентни политики и комуникација со сите чинители за дизајнирање таргетирани политики, потенцира министерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИНИСТЕРОТ КЛЕКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

20/10/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕ ТРЕБА ДА ДАВА ОСТАВКА На ВМРО-ДПМНЕ му

20/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИЈА МУ ОДРЕДИ НА ЗЕЌИРИ ЕДНА ГОДИНА И СЕДУМ МЕСЕЦИ

19/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА ПРАВИ СЛУЧАЈ ОД ИВА МИХАИЛОВА ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ Некому

19/10/2026
Македонија

КОГА ЌЕ ГИ ЗАВРШИМЕ КОРИДОРИТЕ, ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ГАРАНТИРАН!

19/10/2026
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ПРЕГОВАРА СО ПОТЕНЦИЈАЛЕН КРЕДИТОР ЗА БРЗАТА ПРУГА Николоски

19/10/2026
Македонија

ЈА СИЛУВАЛ СОПРУГАТА, ЈА ИСТЕПАЛ ЌЕРКАТА Пријавен случај на тешко

19/10/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПРВ СО 2.945 ГЛАСА, ВТОР ЈАХИЈ ОД

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46273
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИНИСТЕРОТ КЛЕКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Прилагодена грижа за секој пациент

20/10/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа се сретна со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и разговарале за

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕ ТРЕБА ДА ДАВА ОСТАВКА На ВМРО-ДПМНЕ му одговара тој да го води

20/10/2026

ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со предност околу 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ, а во однос на

АПЕЛАЦИЈА МУ ОДРЕДИ НА ЗЕЌИРИ ЕДНА ГОДИНА И СЕДУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР Судот нареди конфискација на

19/10/2026

Една година и седум месеци затвор е казната што Апелацискиот суд му ја одреди на поранешниот генерален секретар на Владата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy