Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНМ: Дебата на новинари и претставници на МВР и ОЈО во врска со измените на Кривичниот закон
Македонија

ЗНМ: Дебата на новинари и претставници на МВР и ОЈО во врска со измените на Кривичниот закон

27/09/2023

AA

Измените на Кривичниот закон кои што беа усвоени во февруари 2023 предвидуваат поголема заштита на новинарите и медиумските работници при извршување на нивните професионални работни задачи.

За таа цел, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) вчера одржа дебата на тема „Ефектите од измените на Кривичниот законик во насока на подобрување на безбедноста на новинарите и медиумските работници“.

На настанот говорници беа Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавност, Искра Хаџи Василева, јавна обвинителка во ОЈО Скопје и контакт лице за координација во случаи каде што има повреда на права на новинари, Огнен Јанески, новинар од ТВ 24, а од ЗНМ се обратија Драган Секуловски, извршниот директор на Здружението и Милан Спировски – виш проектен истражувач, а модератор на дебатата беше новинарката Рита Бехадини.

Ангеловски се задржа на праксата и процедурите на МВР во насока на ефикасно постапување кон сторителите на кривични дела и улогата на МВР во гонење на сторителите кои ги прекршуваат правата на новинарите.

„Соработката помеѓу МВР и ЗНМ значително придонесе за подобрување на резултатите во однос на случаите кога се нападнати новинари. Само за споредба, во однос на 2017 година кога имаше многу физички напади на новинари и многу нерешени истраги, сега 90% од случаите се решаваат за 2 до 3 часа од откако ќе бидат пријавени кај нас од страна на ЗНМ. Како примери ќе ги надевам, случајот со нападот врз новинарска екипа од Алсат минатиот месец и случајот со нападот врз снимател од ТВ 24 кога експресно беа најдени и приведени одговорните лица. Брзото пријавување и реагирање се услов за решавање на секој проблем, што пак придонесува кон поголема демократизација на општеството“ – нагласи Ангеловски.

Обвинителката зборуваше на тема – обвинителско – судската пракса за примената на новите одредби во Кривичниот законик во контекст на новинарите и медиумските работници, посебно на напади кон жени новинарки:

„Номинирањето на лице за следење на случаи кога се нападнати новинари е чин на обвинителството да се подигне свеста кај јавноста за значењето на слободата на говор. Имавме неколку случаи досега, но се уште е рано да се воспостави судска пракса и да се извлечат поуки и заклучоци кои би помогнале во подобрување на пристапот. Во однос на нападите врз новинари, новинарки и медиумски работници, процесот на решавање на случај со физички напад е полесно да се решава бидејќи има начин побрзо да се најдат докази, за разлика од вербален напад каде што има компјутерски криминал и е потребно повеќе време. Важно е да се пријави веднаш, за да може да се реагира веднаш и да се спречат нови напади во иднина“ – рече обвинителката.

Новинарот Јанески ги сподели предизвиците со кои се соочуваат новинарите во секојдневната пракса како и искуствата на новинарите со органите на прогонот.

Јанески рече: „Во септември 2017 година е период кога се соочив веројатно со најстрашните закани не само по мојот живот туку и по животот на моето семејство. Надминаа бројка од 200 закани на сите социјални мрежи и на меил. Се обратив до органите на прогонот и ми беше советувано дека секое чудо трае по три дена. Пред овој случај, имав закани и претходно, но никогаш не пријавив, што е грешка. Другото искуство, во позитивниот аспект се случи оваа 2023 година, иако заканите кои го добив се за нијанса полесни од 2017, сфатив дека мора се пријави за да се даде до знаење на насилниците дека мора да се сноси одговорност за заканите и дека тоа подлежи на санкции“.

Директорот на ЗНМ Секуловски зборуваше за досегашната работа на ЗНМ во контекст на постапување и алармирање за прекршување на Кривичниот законик во контекст на новинарите и медиумските работници, додека Милан Спировски ги сподели заклучоците и препораките од Индексот на безбедност на новинарите за 2022 година.

„Македонија бележи скок во сите индекси за безбедност на новинари и медиумски работници токму поради фактот што измените на овој закон ги ставаат медиимските работници на една повластена положба и на тој начин се нудат системски решенија како тие да бидат позаштитени во вршење на својата работа. Тоа што нас ни останува како предизвик е да следиме како ќе се одвиваат истрагите и судските постапки во иднина со цел да се демотивираат напаѓачите да посегаат по интегиртетот на новинарите и медиумските работници, меѓутоа и да се намали трендот на напади, како и политиката на неказнивост“ – изјави Секуловски.

Заклучоците беа дека од особена важност е да се воспостави позитивна судска пракса со доследна примена на овие измени со цел правосудните органи да имаат проактивен пристап при заштита на правата на новинарите. Само преку функционален систем за заштита на новинарите може да се очекува дека ќе се демотивираат напаѓачите да се закануваат и да напаѓаат, а на тој начин да се осигура безбедна средина како основен предуслов за нивната работа.

На настанот, покрај официјалните говорници, поканети беа новинари кои што се дел од регистарот на напади на ЗНМ за 2023 година, како и колегите кои ја следат работата на правосудните органи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy