ЖЕРНОВСКИ ПАК ГО ВОЗИ „МЕРЦЕДЕСОТ НА БРАТУЧЕДОТ“ А богами и непрописно паркира
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ го обвини Андреј Жерновски од СДСМ дека непрописно паркира возејќи го автомобилот на „братучедот“.
„Андреј ‘НАТО’ Жерновски во стилот на Артан „Лотарија“ Груби, го вози автомобилот на братучедот.
Откако јасно кажа пред некој месец на гостување на подкаст, дека нема во своја сопственост автомобил марка ‘Мерцедес’ со регистарски таблички од иста бројка, ниту пак дека некогаш во животот возел ‘Мерцедес’, во сопственост на негов братучед, повторно со свои очи го видов неуспешниот амбасадор Жерновски како го управува ‘Мерцедесот’.
Дополнително, непрописно се паркирал додека фрлаше ѓубре во контејнер. Но, на Жерновски не му е грижа, затоа што и да го казнат за непрописно застанување, автомобилот не е негов, братучед му ќе му ја плати казната“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во соопштение приложувајќи слика од настанот.
.
Извор: plusinfo.mk