ПОЗИЦИИТЕ НА ВЛАДАТА ОСТАНУВААТ ИСТИ Софија реципрочно треба да ги имплементира пресудите од Стразбур
Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран Димитровски вели дека позициите на Владата за Бугарија остануваат исти односно реципроцитет во односите и прашањата за историјата и идентитетот надвор од преговарачкиот процес за интеграција на државава.
Димитровски во пишана изјава реагира на објавите на дел од медиумите кои пренеле дека во Софија говорел оти не е проблем Бугарите да влезат во Уставот.
– Неколку медиуми денеска во насловите пренесоа дека на денешната дебата во Софија сум рекол оти не е проблем Бугарите да влезат во Уставот, вадејќи сензационални наслови во таа смисла, што можат да го доведат во заблуда македонскиот читател. За жал, во насловите не се пренесува контекстот во кој што говорев за човековите права, дека истовремено Софија треба да ги имплементира пресудите од Стразбур за регистрирање на здруженијата на Македонците – вели Димитровски во реакцијата.
.
Извор: plusinfo.mk