Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зеленски вети: Ќе преземеме повеќе мерки против Русија
Македонија

Зеленски вети: Ќе преземеме повеќе мерки против Русија

27/09/2023

AA

Претседателот Володимир Зеленски во своето доцно видео обраќање рече дека Украина јасно сфатила каде да изврши притисок врз Москва. Претходно, украинските власти соопштија дека Русија ја погодила украинската пристанишна инфраструктура и магацините за жито, но исто така известија за одреден напредок на линијата на фронтот во тримесечната контраофанзива на нејзините сили.

Во своето традиционално вечерно видео обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека санкциите против Русија не се доволни за да се запре нејзината „агресија“.

„Јасно гледаме кои насоки на притисок врз Русија треба да се зајакнат за да не се зголеми нејзиниот терористички потенцијал. Санкциите не се доволни. Ќе има повеќе наши, украински акции против терористичката држава. Се додека руската агресија продолжува, Русија мора да ги почувствува загубите“.

Најмалку седум села во руската погранична област Курск утринава останаа без електрична енергија откако украинско беспилотно летало нападна дел од локалната електрична мрежа. Дронот фрлил експлозивна направа на трафостаница во руското село Снагост, на околу 15 километри од украинската граница, објави во Телеграм гувернерот на областа Курск, Роман Старовоит. Во нападот нема повредени. Подоцна, минофрлачките гранатирања делумно ја прекинаа струјата во друго село кое се наоѓа веднаш на границата. Два камикази беспилотни летала беа соборени во пограничната област.

Претходно беше објавено дека Русија извршила уште еден напад врз украинската пристанишна инфраструктура и складишта за жито. Московските сили нападнаа со беспилотни летала магацини во дунавското пристаниште Измаил, кои Киев ги користи за извоз на жито. Пријавени се повредени, како и сериозна материјална штета.

Холандија планира да ја пренесе првата серија ветени борбени авиони Ф-16 во Украина во 2024 година, изјави министерот за одбрана Каиса Олонгрен. Според неа, прво треба да бидат обучени украинските пилоти, техничари и сите кои се вклучени во управувањето и одржувањето на авионите. Во август, Холандија објави дека ќе ги обезбеди сите свои борбени авиони Ф-16 на украинската војска, освен неколку што ќе се користат за обука.

Естонија и се приклучи на Германија во заедничката програма за снабдување со муниција на Украина, јави ДПА. Двете земји веќе ја проширија соработката во областа на оружјето. Заедно со Летонија, Естонија се согласи да го купи системот за воздушна одбрана со среден дострел Ирис-Т од германско производство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44977
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Спречен атентат врз Володомир Зеленски

23/06/2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно бил цел на неуспешен обид за атентат, а овој пат планот вклучуваше полски воен пензионер

Нападната американска воена база во Сирија – зголемени безбедносни мерки

23/06/2025

Американската воена база во Сирија беше цел на минофрлачки напад, објави иранската новинска агенција Мехр, повикувајќи се на повеќе извори.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy