Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зеленски побара од американските пратеници да продолжат со воената поддршка
Македонија

Зеленски побара од американските пратеници да продолжат со воената поддршка

12/12/2023

AA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со американските пратеници на Капитол Хил за да упати последно барање за продолжување на воената поддршка за Украина во борбата против Русија, но тој се соочи со скептицизам од неколку републиканци, пренесува Ројтерс.

Републиканците не сакаа да го потпишат барањето на демократскиот претседател Џозеф Бајден Украина да добие 61,4 милијарди долари.

Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, по средбата со Зеленски изјави дека администрацијата на Бајден мора да даде повеќе детали за тоа како ќе се користат парите.

„Она што се чини дека го бара администрацијата на Бајден се милијарди дополнителни долари без соодветен надзор, без јасна стратегија за победа и без одговори што мислам дека му ги должи на американскиот народ“, рече Џонсон по средбата со Зеленски.

Други републиканци се прашуваат дали поголема помош ќе и помогне на Украина да ја победи Русија по летната офанзива која не донесе јасни придобивки, според Ројтерс.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
Македонија

Поранешни градоначалници, директори и советници меѓу 94-те казнети од ДКСК

20/08/2026
Македонија

Ислам Абази нема да бара втор мандат на чело на

20/08/2026
Македонија

Ангелов со апел до сопствениците на викендички: Исчистете ја околината

20/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ стартуваше и за странци – чекањето за наплата

20/08/2026
Македонија

Синдикалната кошница во август достигна 68.675 денари, за еден месец

20/08/2026
Македонија

Лажен лекар измамил жена од Пробиштип за 2.500 евра

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45144
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy