Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО Ќе се користи преку М-услуги и ќе има можност за дополнителни попусти
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО Ќе се користи преку М-услуги и ќе има можност за дополнителни попусти

29/10/2026

AA

Покачување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Мицкоски рече дека на вчерашната средба со студентските претставници, на која присуствувале и министерката за образование и наука Весна Јаневска и други владини претставници, отворено се разговарало за проблемите со кои се соочуваат студентите, условите во студентските домови и можностите за подобрување на стандардот.

Тој посочи дека биле разгледани буџетските издвојувања за студентски стандард во 2026 година во споредба со 2022 година, при што, според неговата оценка, средствата се двојно зголемени.

Говорејќи за субвенционираниот студентски оброк, Мицкоски рече дека Владата предложила нов модел со кој средствата би се зголемиле од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, а студентите би можеле да ги користат преку посебна услуга во апликацијата М-услуги.

Според предлогот, во системот би биле вклучени ресторани, маркети, млечни ресторани и други оператори кај кои студентите би можеле да купуваат храна и пијалаци, како вода, јогурт и кисело млеко.

– Ајде вака да направиме, ние на оваа апликација М-услуги да додадеме М-студентски оброк во кој што вашите три и пол илјади денари сега што ги добивате месечно ќе вредат 4.500 денари – рече Мицкоски.

Тој објасни дека со системот би се овозможило средствата да се користат за нивната намена, односно за студентски оброк, а не за други производи. За таа цел, како што рече, би се користела и вештачка интелигенција вградена во апликацијата. Дополнително, Владата би преговарала со трговците за студентите да добиваат попусти при купувањето храна, дури и откако ќе ја потрошат месечната субвенција.

– Имаме чувство, но и делумни информации дека голем дел од корисниците на студентскиот оброк средствата кои што ги добиваат на дебитните картички не ги користат токму за студентски оброк, туку ги користат за нешто друго – рече Мицкоски.

Тој додаде дека со таа апликација би обезбедиле список на ресторани, маркети, млечни ресторани каде што ќе може да купуваат храна, пијалаци, но не и алкохол, цигари, притоа тој попуст којшто ќе им го обезбедат да важи и по искористување на средствата за студентскиот оброк.

– Откако вие ќе го потрошите тој студентски оброк повторно да ви важи до крајот на месецот. Еве ако некој ресторан обезбеди 20, 25 проценти попуст, вие сте го искористиле вашиот студентски оброк до 15-ти во месецот, но на 20-ти со вашите колеги седнувате повторно на појадок, вие ќе го платите, но наместо 100 денари ќе добиете попуст од 25 проценти, ќе го платите 75 денари – појасни премиерот.

Мицкоски нагласи дека предлогот им бил презентиран на студентските претставници како можност за разгледување, без да се бара веднаш да донесат одлука. Тие, додаде тој, треба да разговараат со своите колеги и да се изјаснат за предложениот модел.

Нагласи и дека за реализацијата ќе биде потребна соодветна процедура, вклучително и подготовка на софтверско решение и спроведување тендер.

Во однос на инфраструктурата, премиерот ја посочи изградбата на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, како и реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“, каде што, како што рече, моментно престојуваат околу 1.150 студенти.

Мицкоски најави дека до крајот на годината треба да биде пуштен во употреба и реконструираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“, а потсети и дека е изгласан закон со кој е започната реконструкција на осум ученички и студентски домови во земјава.

Премиерот оцени дека студентскиот стандард сè уште не е на нивото на условите што ги имаат студентите во некои европски земји, но оти разликата се намалува.

– Дали е најдобро? Не е најдобро. Дали можеби нивните колеги во Германија имаат подобри услови? Најверојатно да, но дали таа разлика е намалена? Исто така ќе кажам да. Тоа е суштината. Дали тешко се живее? Тешко се живее. Дали е тежок студентскиот живот? Да тежок е. Но дали е подобар од пред три, четири, пет години? Подобар е. Тоа е суштината на секоја влада. И дали сè уште студентите во Германија ќе добиваат подобри услови ќе имаат подобри? Најверојатно да. Но дали таа разлика е намалена. Тоа е суштината – рече Мицкоски.

Тој истакна дека подобрувањето на условите за студентите треба да биде проследено и со унапредување на квалитетот на високото образование. Во тој контекст, се осврна на позицијата на најстариот македонски универзитет на Шангајската листа, оценувајќи дека пред две децении бил подобро рангиран отколку денес.

Мицкоски повика на заеднички ангажман за подобрување на позицијата на универзитетите, нагласувајќи дека тоа би придонело за поголемо знаење кај студентите и подобар имиџ на државата.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД

29/10/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

29/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да

29/10/2026
Македонија

СПОРТСКИТЕ САЛИ НЕМА ДА СЕ ДАВААТ НА ПРИВАТНИЦИ, ТУКУ НА

29/10/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВ ЗАКОН ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ Со

29/10/2026
Македонија

18 УПЛАТИ ВО 4 ДРЖАВИ, ШТЕТА ОД 14.000 ЕВРА Кривична

29/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ И ГАШИ ПОВИКАА ДА НЕ СЕ ГЛАСА ПО ЕТНИЧКА

29/10/2026
Македонија

НЕПРИСТОЈНО Е ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА ЕУ ДА СТАНУВА ПРИБЕЖИШТЕ НА

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46441
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА Отстранета голема

29/10/2026

Отстрануваме голема опасност до куќите коишто се наоѓат веднаш под Тумбе Кафе во Битола, на неколку метри воздушна линија од

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да се сменат повеќе закони и

29/10/2026

Најмалку шест месеци до една година ќе бидат потребни за спроведување на законските измени кои ќе им овозможат на полициските

СПОРТСКИТЕ САЛИ НЕМА ДА СЕ ДАВААТ НА ПРИВАТНИЦИ, ТУКУ НА СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ Ќе се обноват

29/10/2026

Се трудиме сите оние градови кои имаат историја во спортот, да ги вратиме во живот, затоа што навистина немаат никаква

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy