Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВ ЗАКОН ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ Со буџет од 1,5 милион евра од ЕУ се подготвени и 7 нови правилници
Македонија

ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВ ЗАКОН ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ Со буџет од 1,5 милион евра од ЕУ се подготвени и 7 нови правилници

29/10/2026

AA

Со буџет од 1,5 милион евра во изминатите 2 години се подготвени законски решенија за кои надлежните очекуваат дека ќе придонесат кон подобрување на амбиенталниот воздух.

Подготвен е нацрт на новиот закон за квалитетот на амбиенталниот воздух, како и 7 нови подзаконски акти и измени на уште еден подзаконски акт, како и планови за имплементација на 3 европски директиви.

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа вели дека ова е важен чекор кон усогласување со европските стандарди.

– Но, уште поважно е законските решенија да овозможат поефикасно следење на загадувањето и посилно спроведување на мерките. Напредок е постигнат и во националното планирање. Подготвени се нацрт-националниот план за квалитетот на воздухот за периодот 2027-2031 година и националната програма за контрола на загадувањето на воздухот за периодот 2027-2037 година – истакна Хоџа на завршниот настан што се одржа во Скопје.

Сепак, вели Хоџа, подготвените закони, планови и анализи сами по себе нема да го исчистат воздухот. Вистинскиот тест е доследното спроведување на мерките и постигнувањето видливи резултати за граѓаните.

– За тоа се потребни јасни одговорности, соодветно финансирање и координација меѓу сите надлежни институции. Министерството има важна улога, но ниедна институција не може сама да го реши овој проблем. Потребни се заеднички напори на централната и локалната власт, стручната јавност и сите оние што можат да придонесат за подобрување на квалитетот на воздухот – рече министерот Хоџа.

Проектот што се спроведуваше во изминатите две години со поддршка на Европската Унија дава и препорака за основање агенција за заштита на животната средина, нешто што го има во европските држави.

Амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас рече дека ова е добра практика.

– Секоја земја членка на Европската Унија има слична агенција за заштита на животната средина. Иако нивните имиња може да се разликуваат, нивните надлежности се слични. Министерството обезбедува политичко лидерство, а агенциите во земјите членки го следат усогласувањето со стандардите за животната средина, вклучително и стандардите за квалитетот на воздухот. Овие агенции претставуваат техничка и научна поддршка за унапредување на политиките. Тие служат и како мост за усогласување на националното законодавство со целокупното законодавство на ЕУ во областа на животната средина, како и за негово спроведување на национално ниво – појасни Рокас.

Тој рече дека квалитетот на воздухот е подобар во земјите од ЕУ поради правилата од Зелениот договор и казните што ги добиваат загадувачите.

– Проектот доаѓа до својот крај, но зад себе ја остава поставената правна основа – семе што во блиска иднина може да донесе суштински промени во животот на граѓаните. Пред сè, новиот закон за управување со квалитетот на воздухот, изработен во рамките на овој проект, сега треба да биде усвоен и доследно да се спроведува. Затоа сметам на вашата поддршка во понатамошните чекори за негово усвојување. Потоа потребно е да се развијат и да се применат соодветните подзаконски акти – порача Рокас.

Проектот „Поддршка во спроведувањето на директивите за квалитет на воздухот“ е кофинансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош ИПА II.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

29/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да

29/10/2026
Македонија

СПОРТСКИТЕ САЛИ НЕМА ДА СЕ ДАВААТ НА ПРИВАТНИЦИ, ТУКУ НА

29/10/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВ ЗАКОН ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ Со

29/10/2026
Македонија

18 УПЛАТИ ВО 4 ДРЖАВИ, ШТЕТА ОД 14.000 ЕВРА Кривична

29/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ И ГАШИ ПОВИКАА ДА НЕ СЕ ГЛАСА ПО ЕТНИЧКА

29/10/2026
Македонија

НЕПРИСТОЈНО Е ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА ЕУ ДА СТАНУВА ПРИБЕЖИШТЕ НА

29/10/2026
Македонија

НЕМА НИ „К“ ОД КРИМИНАЛ СО УНГАРСКИОТ КРЕДИТ, ПАРИТЕ СЕ

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46440
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО Ќе се користи преку М-услуги

29/10/2026

Покачување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да се сменат повеќе закони и

29/10/2026

Најмалку шест месеци до една година ќе бидат потребни за спроведување на законските измени кои ќе им овозможат на полициските

СПОРТСКИТЕ САЛИ НЕМА ДА СЕ ДАВААТ НА ПРИВАТНИЦИ, ТУКУ НА СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ Ќе се обноват

29/10/2026

Се трудиме сите оние градови кои имаат историја во спортот, да ги вратиме во живот, затоа што навистина немаат никаква

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy