Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени во скопска мобилара – кривична пријава против осум лица
Македонија

Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени во скопска мобилара – кривична пријава против осум лица

18/04/2026

AA

Скопска мобилара – увозник на мобилни уреди откако била фатена во обид за криумчарење „Ејпл“ часовници, по претходен договор и со помош на други лица ги заменила запленетите часовници со евтини копии, а оригиналите ги ставила во продажба во сопствениот салон. По налог на јавен обвинител извршен е претрес каде се пронајдени оригиналните часовници вредни 570 илјади денари – предмет на криумчарење. Против шест физички и две правни лица е поднесена кривична пријава за криумчарење, прикривање стока предмет на криумчарење и злоупотреба на службена положба. За случајот накратко информираше директорот на Царинска управа Бобан Николовски во гостување на МРТВ 1.

Случајот е откриен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи, при детална контрола на пратка со „Ејпл таблети“ од Дубаи која била наменета за македонска компанија која се занимава со продажба на мобилни уреди.

При прегледот на документацијата и контрола на стоката, инспекторите при отворање на еден од пакетите со ознака „Ејпл таблети“ откриле вкупно 20 паметни часовници кои не биле опфатени со увозната царинска декларација. Часовниците се привремено одземени и оставени во безбедносен сеф се до донесување наредба од страна на јавен обвинител.  Уште истиот ден, други лица кои имале пристап до сефот, сега осомничени, го отклучиле сефот и запленетите часовници ги замениле со евтини копии, а оригиналите му ги предале на увозникот.

Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги спроведе темелна истрага при што по налог на јавен обвинител е извршен претрес на мобиларата каде се најдени оригиналните часовници. Извршени се соодветни предистражни дејствија и форензика на прибавените доказни материјали, по што е поднесена кривична пријава против осум лица.

Во 2025 година од страна на Одделението за оперативни работи извршени се детални 8.177 царински прегледи при што остварени се вкупно 271 случаи на заплени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН

09/10/2026
Македонија

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО

09/10/2026
Македонија

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал

09/10/2026
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА

09/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46086
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од вторник се очекува

09/10/2026

Утрото во сабота, 10 октомври, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во вечерните часови ќе има

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО УНЕСКО Македонија, Грција и Албанија

09/10/2026

Преспанскиот Регион би можел да се најде на Листата на светското наследство на УНЕСКО, откако Македонија, Грција и Албанија се

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал до партиска функција благодарение на

09/10/2026

Внукот на поранешната обвинителка Вилма Русковска, Герасим Лазов, се најде на удар на ВМРО-ДПМНЕ откако јавно ги критикувал состојбите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy