Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скопскиот аеродром со раст од 32%, македонските аеродроми меѓу лидерите во регионот
Македонија

Скопскиот аеродром со раст од 32%, македонските аеродроми меѓу лидерите во регионот

18/04/2026

AA

Меѓународниот аеродром Скопје бележи значителен раст и останува лидер во регионот, покажуваат најновите податоци објавени од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој на својот профил на Facebook информира дека скопскиот аеродром има раст од 32 проценти во однос на истиот период минатата година, што е потврдено и од специјализираниот авио-портал EX-YU Aviation News.

Според објавата, и покрај намалувањето од околу 6 илјади седишта од вкупно планираните 390 илјади – како последица на случувањата на Блискиот Исток – аеродромот и натаму останува високо позициониран во регионот.

Во првите месеци од годинава, македонските аеродроми бележат раст од 30 проценти по број на патници и околу 20 проценти по број на операции, што, според Николоски, е потврда за успешноста на владините политики во авиосообраќајот.

Дополнително, воведени се нови авиолинии од Скопје кон Неапол и Будимпешта, како и од Охрид кон Милано и Братислава. Во текот на јули, од Охрид ќе стартуваат и линии кон Катовице и Вроцлав, додека од Скопје ќе се лета кон Палермо и Алгеро.

Со тоа, за речиси две години се воспоставени вкупно 24 нови авиолинии кон европски дестинации, што претставува рекорден број, се наведува во објавата.

Николоски посочува дека развојот на авиосообраќајот останува приоритет, при што се реализира и проект за реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, со цел зголемување на капацитетите.

Очекувањата се дека годинава бројот на патници ќе надмине 3,5 милиони, а веќе следната година да достигне и до 4 милиони.

Во однос на состојбата со горивата, министерот уверува дека ситуацијата е стабилна и дека авиосообраќајот во земјава се одвива без прекини.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН

09/10/2026
Македонија

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО

09/10/2026
Македонија

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал

09/10/2026
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА

09/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46086
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од вторник се очекува

09/10/2026

Утрото во сабота, 10 октомври, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во вечерните часови ќе има

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО УНЕСКО Македонија, Грција и Албанија

09/10/2026

Преспанскиот Регион би можел да се најде на Листата на светското наследство на УНЕСКО, откако Македонија, Грција и Албанија се

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал до партиска функција благодарение на

09/10/2026

Внукот на поранешната обвинителка Вилма Русковска, Герасим Лазов, се најде на удар на ВМРО-ДПМНЕ откако јавно ги критикувал состојбите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy