Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во три дена изречени 2023 казни за сообраќајни прекршоци низ државата
Македонија

Во три дена изречени 2023 казни за сообраќајни прекршоци низ државата

22/05/2025

AA

Во изминативе три дена од оваа работна седмица (19./20./21.05.2025) во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени вкупно 2023 платни налози.

Според статистичката евиденција по однос на сторените прекршоци согласно од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и натаму меѓу најбројните се прекршоците на непрописно паркирање 508, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 362, како и 165 мерки за прекршоците по основ на возење без возачка дозвола.

Покрај ова, во изминатите три дена беа изречени и 127 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, како и 55 санкции за возачите на мотоцикл по основ на неносење заштитна кацига. Исто така во 18 случаи санкционирани биле возачи под дејство на алкохол,  шест мерки се изречени за минување на црвено светло, додека пак по основ на неносење сигурносен појас изречени се 121 санкција, а по основ на користење мобилен телефон при возење 99 мерки.

Согласно, пак, Законот за возила, од сообраќај се исклучени 50 нерегистрирано возило како и 12 технички неисправни возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДМ ЗАСАДИ 264 САДНИЦИ ВО БИТОЛА Нова сезона на еко-конкурсот

30/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ГО ИСПРАТИ ЖЕРНОВСКИ ДА КЛЕВЕТИ Двајцата се исплашени од

30/10/2026
Македонија

ПРЕКУ СДСМ ЗБОРУВА БАШАНОВИЌ, ПИ-АР ШЕФОТ НА ФИЛИПЧЕ Го користи

30/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА ОЧЕКУВА ОДГОВОР ОД СТУДЕНТИТЕ ЗА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК Мицкоски на

30/10/2026
Македонија

ГЛАСАЈTЕ ЗА ПОВЕЌЕ ПРОЕКТИ И ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ, А НЕ

30/10/2026
Македонија

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВСКО Малолетник е тешко повреден

30/10/2026
Македонија

ВО ЕУ САМО ПО ЗАСЛУГИ Црна Гора ветува силна поддршка

30/10/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ И СТУДЕН ВИКЕНД Пообилни врнежи ќе има в недела

30/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46458
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДМ ЗАСАДИ 264 САДНИЦИ ВО БИТОЛА Нова сезона на еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до

30/10/2026

Со засадување на вкупно 264 садници во две воспитно-образовни установи во Битола, компанијата dm drogerie markt ја започна новата сезона

ФИЛИПЧЕ ГО ИСПРАТИ ЖЕРНОВСКИ ДА КЛЕВЕТИ Двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува

30/10/2026

Венко Филипче го прати талогот Андреј Жерновски да нафрли лажни обвинувања, затоа што знае дека човек кој се претставувал како

ПРЕКУ СДСМ ЗБОРУВА БАШАНОВИЌ, ПИ-АР ШЕФОТ НА ФИЛИПЧЕ Го користи за да ги навредува Македонија

30/10/2026

Пи-ар шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДСМ ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ – рече портпаролот на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy