ФИЛИПЧЕ ГО ИСПРАТИ ЖЕРНОВСКИ ДА КЛЕВЕТИ Двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува
Венко Филипче го прати талогот Андреј Жерновски да нафрли лажни обвинувања, затоа што знае дека човек кој се претставувал како амбасадор без да биде акредитиран и не ја кажува вистината за „мерцедесот“, нема срам и да шири лаги пред целата јавност, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„И Венко и Жерновски знаат дека матните зделки завршија со нивниот пад во 2024 година, и всушност тоа е што ги боли, што повеќе не може да крадат пари со луѓето на Александар Вучиќ со кои местеа милионски тендери. Вистинскиот страв е кај неговиот шеф Венко, кој е свесен дека остатоците во обвинителството и судството не може вечно да го спасуваат од криминалите како што имаа обид да го спасат за модуларната. И сега, кога кругот кој започна со нивниот пад од 2024 година, па се одразува во Србија кај Вучиќ, на кого му постилаа црвени килими и лудуваа до рани зори, со кого и пејачите омилени им се заеднички, се плашат од одговорноста која полека ги стигнува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
А затоа што слугуваа кому стигнат, за да си ги наполнат џебовите, затоа и тонат и се статистичка грешка и граѓаните бегаат од нив и по улица, се додава во соопштението.
.
Извор: plusinfo.mk