Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Подгответе готовина за три дена, банките и картичките може да не работат – предупредување за граѓаните на ЕУ
Македонија

Подгответе готовина за три дена, банките и картичките може да не работат – предупредување за граѓаните на ЕУ

22/05/2025

AA

Централната банка на Холандија упати предупредување до граѓаните: секое домаќинство треба да има парична резерва најмалку три дена, во случај на итност.

Се препорачува да се задржат најмалку 70 евра по возрасен и 30 евра по дете во цврста валута за покривање на основните трошоци доколку престанат да работат системите за електронско плаќање.

Една од главните причини за ваквото предупредување е зголемувањето на заканата од сајбер напади, кои стануваат се поверојатни поради напнатата геополитичка ситуација, пишува Politico.

Примерот од Шпанија покажа колку се ранливи

Во април, прекинот на струја во Шпанија и Португалија предизвика сериозни, иако краткотрајни, проблеми со плаќањето – показател за тоа колку модерното општество е зависно од дигиталните технологии. Во такви моменти единственото решение може да биде готовината.

Холандската централна банка препорачува да имате доволно готовина за основни трошоци за три дена – како што се вода, храна, лекови и транспорт.

Совети и за трговците: Подгответе резервни начини на плаќање

И банкарите не ги заборавија трговците – им се советува да овозможат алтернативни начини на плаќање, како што се QR кодовите, во случај терминалите на картичките да не работат.

Овие препораки се дел од пошироката стратегија на Европската комисија за вонредни ситуации, објавена во март. Според овој план, на граѓаните им се советува да имаат залихи со храна три дена, за да ги обезбедат основните потреби во случај на војна, елементарни непогоди или други кризи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Златко Перински ја презема функцијата директор на Фондот за здравствено

21/07/2026
Македонија

Владата донесе одлука: Се прогласува 30 дневна кризна состојба во

21/07/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ БРАНАТА ГРАТЧЕ: Загина 65-годишен велосипедист во сообраќајка со

21/07/2026
Македонија

Петровска: На Гостивар не му требаат политички расправии, туку две

21/07/2026
Македонија

Метео аларм за Македонија: Попладнево доаѓа невреме

21/07/2026
Македонија

Претседателката на Индија, Драупади Мурму, во прва официјална посета на

21/07/2026
Македонија

Филипче: Ризик во Гостивар постои од поголема катастрофа, труење со

21/07/2026
Македонија

Претседателката на Индија, Драупади Мурму, пречекана со највисоки државни почести

21/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44520
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy